Рим - Можеби многу одамна веќе не е “caput mundi” – главен град на светот, но Рим е Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака. Рим е одбраниот град: лулка на Католичката црква, центар на Римската Империја. Рим бил изграден да владее и да доминира со светот, таму се' е масивно, цврсто и “Вечно“. Кога еднаш ќе стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено, едноставно здивот Ви се одзема. Градските историски, археолошки и архитектонски наследства надополнети со задоволството на одличната италијанска кујна загарантирано ќе Ви го дадат споменот на вашиот живот.

  

Топ 10 места од интерес:

  1. Ватикан
  2. Фонтана Ди Треви
  3. Шпанските Скали
  4. „Pizza Navona” и „Piazza Campo dei Fiori”
  5. „Pizza Di Popolo” 
  6. Колосеумот
  7. Мостот и замокот на Ангелите
  8. „Piazza Venezia”
  9. Римскиот Форум 
10. Свети Климент

Предлог програма:

1 ден Пристигнување во Рим, прошетка по Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција, Колосеумот, Виа Национале...

2 ден Посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Пјаца Навона, позната и како уметничка четврт на Рим. Посета на Пантеонот.

3 ден Можност за пријатна прошетка низ Рим со метро и посета на црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил... Вечерта, вечера во национален ресторан во квартот Трастевере. Ноќевање.

4 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

                                                          Цена: од 113 € (3 BB)

Во цената на пакетот е вклучено: 
-Авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје/ 'WizzAir'.
-Аеродромски такси. 
-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 BB (ноќевање со појадок).
-Летови: четврток и недела 
Скопје – Рим 13:15 – 15: 00
Рим – Скопје  15:30 – 17:05
*цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер Аеродром - Хотел со редовни 'shuttle bus' линии 6€ по лице (информативно).
- Tакси трансфер Аеродром – Хотел 60€ (информативно).