Designed by Сайт города Читы

Стокхолм City break

Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год. Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови. Градот е познат по својата убавина и специфичната архитектура, неговата чистота и опкруженоста со вода како и големиот број на паркови. Познат и како Венеција од северот. Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со единствен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

  

Топ 10 места од интерес:

  1. "Gamla Stan" - стариот град
  2. Кралската Палата
  3. Бродскиот музеј Васа
  4. Музејот на отворено "Skansen"
  5. Паркот "Djurgarden"
  6. "Fotografiska"
  7. Градското Собрание
  8. Музејот на современа ументост
  9. Крстарење со брод по Stromma
10. "Sky View" - Панорамски разглед
 

Предлог програма:

1 ден Препорачуваме: Бесплатна тура низ градот со водич, која почнува од плоштадот Сергел, посета на кралската палата која е една од најголемите во светот која и воедно е официјалната резиденција на Шведскиот Крал и во неа има преку 600 соби. „Sky View“ – претставува модерна атракција која ви овозможува панорамски разглед на градот од 130м надморска височина, посета на стариот град кој воедно е најстариот дел на Стокхолм кој воодушевува со својата архитектура, Катедралата во Стокхолм која датира од 13 век е една од најстарите градби во стариот град.

2 ден Преpoрачуваме : Посета на бродскиот музеј Васа во кој се наоѓаат најсочуваните потонати бродови во светот , Нордскиот музеј, палатата Доротингхолм, куќата на културата... 

3 ден Предложуваме: Посета на Националниот музеј на уметноста, посета на улицата Фјалгатан која нуди спектакуларен поглед на градот, градското собрание...

4 ден Предложуваме: Еден прекрасен начин за да се запознаете со Стокхолм, е 75-минутно патување со автобус ви овозможува да се запознаете со познати места и згради и да уживате во фантастичните погледи. Купете билет во киоскот на Густав Ādolfs torg...

5 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Ценаод 139 € (3 BB)

Во цената на пакетот е вклучено: 
-Авионски превоз на релација Скопје – Стокхолм – Скопје/ 'WizzAir'.
-Аеродромски такси. 
-Хотелско сместување во хотел 3* на база 3 BB (ноќевање со појадок).
-Летови: среда и недела
Скопје – Стокхолм 06:50 – 09:55
Стокхолм– Скопје 12:00 – 14:55
*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер Аеродром - Хотел со редовни 'shuttle bus' линии 8€ по лице (информативно).
- Tакси трансфер Аеродром – Хотел 60€ (информативно).

Сподели!

11

Leave a comment

You are commenting as guest.