Designed by Сайт города Читы

Индонезија-Бали (Авион)

Бали

Датум: 27.04.2018 - 09.05.2018

1ноќевања +авионски превоз+транесфер

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија се состои од архипелаг од неколку илјади мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. Бали е индонезиски остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во Индонезија. Бали денес е популарна туристичка дестинација.Островот е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук и тутун, па тоа е робатакоја што најмногу се извезува.Живописните боинаБали, неверојатнопријателскo и гостопримливотонаселение, храна која  е силна и со необиченвкус и тиркизно-синитеводинаИндискиотОкеан, се што е наоѓанаовојмало парче од рајотназемјата,сигурноќе гозадоволи Вашиот вкус...

 Related image

1 ден  - 27.04.2018Скопје–Доха

Состанок на групата  на аеродромот Александар Велики, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 12:15часот и слетување во Доха во 18:15часот.

2 ден – 28.04.2018:Доха–Денпасар, Бали– Танжунг Беноа (TanjungBenoa – Nusa Dua)

Полетување за Доха во 02:55 часот. Пристигнувањена аеродромот во Денпасар во 17:20 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот Ibis Styles Benoa 3*воТанжунг Беноа (TanjungBenoa – Nusa Dua). Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

3ден –29.04.2018:Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи, релаксација покрај базен читајќи ја вашата омилена книга, препуштајќи се на убавините на овој магичен тропски остров.Ноќевање.

4 ден – 30.04.2018:Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

5 ден – 01.05.2018: Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

6 ден – 02.05.2018: Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

7 ден – 03.05.2018: Танжунг Беноа (TanjungBenoa)

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење и сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација. Ноќевање.

8 ден – 04.05.2018:Танжунг Беноа (TanjungBenoa)– Barong танците – Храмот TirtaEmpul – Кинтамани (Kintamani) – Tegallalang - Kuta

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот, па заминуваме на целодневна факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик.Се упатувамедо градчето со камени резби и скулптури наречено Batubulan, за да ги проследиме традиционалните и  возбудливи Barong & Kris танци, кои ја раскажуваат приказната за вечната борба меѓу доброто и злото, хиндуски еп од приказната Mahabrata.

По претставата, патуваме североисточно, долж целиот остров Бали, од бреговите обвиткани со палми во низините, се до високите импозантни планини. Ќе го посетиме познатото село на дрворезбари, ќе видиме како мајсторите ги резбаат сложените дизајни на најразлични типови на дрво, а потоа следи посета на село познато по ковачите на сребро и злато.

Следи посета на Tampak Siring - Tirta Empul Temple, храмот познат по својата света вода, каде што балиски хинду верници одат повеќе од илјада години. Овде се наоѓа базен за капење од извор на природна минерална вода, со архетип дизајн на стариот балиски стил.

Следната станица не води до Кинатмани (Kintamani), за да уживате во спектакуларните погледи на планината Batur, со ленти од црна лава што се спуштаат од врвот во долината подолу. Кратерот е свет и на врвот има светилиште посветено на Божицата на плодноста. А езерото Batur лежи спокојно и сјајно во позадината на планините.

Застанување за ручек во локален ресторан.Повратното патување нè носи  да ги видиме прекрасните оризови тераси во Tegallalang, а последната станица ќе биде Ubud, градот на уметниците, танчерите, галериите и музеите.На крај на излетот, пристигнување во хотелот во Кута (Kuta). Сместување во хотелот Kuta Station 3*. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

9ден–05.05.2018–Кута (Kuta)

ПојадокМожност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење, сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација.

Кута е најпопуларната плажа на Бали која е полна со сурфери од целиот свет. Тука можете да ги научете основите на сурфањато  по поволни цени. Во попладневните часови ќе можете да  уживате во залезот на сонцето и коктелите. Кута и Легијан се центри на ноќниот живот на Бали, но и соголем број на познати светски ресторани  или да изберете некој од понудените факултативни излети.Ноќевање.

10 ден – 06.05.2018 – Кута (Kuta)

ПојадокМожност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење, сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација.Ноќевање.

11 ден – 07.05.2018 – Кута (Kuta)

ПојадокМожност за организирање на факултативен излет или слободен ден за капење, сончање на бело-златните песочни плажи и релаксација.Ноќевање.

12 ден – 08.05.2018Кута – Денпасар – Доха

Појадок. Слободно време за индивидуални активности до договореното време за заминување. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Денпасар. Полетување за Доха од аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airways во 00:35 часот..

13 ден – 09.05.2018:Доха – Скопје

Слетување во Доха во 05:20часот. Полетување од Доха за Скопје во 06:50 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 11:15часот.

 

 

Цени на пакет аранжман по лице :

 

 

Сместување во 3* хотел

Тип на исхрана

Цена од лице

Специална цена  за резервации од 20-25.11.2017:

Double room

Со појадок

686

Редовна цена :

Double room

Со појадок

793€

 

        Во цената е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Денпасар-Доха-Скопје со Qatar Airways, сo вклучен багаж до 30кг;
  • 6 ноќевања во хотелIbis Styles Benoa 3*, во Танжунг Беноа, Нуса Дуа на база ноќевање со појадок;
  • 4 ноќевања во хотел Kuta Station 3*, во Кута на база ноќевање со појадок;
  • Трансфери аеродром – хотел Танжунг Беноа, Нуса Дуа /хотел Кута – аеродром;
  • Трансфер од Танжунг Беноа, Нуса Дуа до Кута;
  • целодневна факултативна екскурзија со локален водич на англиски јазик, со вклучен ручек;
  • Пречек на аеродромот во Бали од страна на претставник на партнерската компанија (англиски јазик);
  • Сите влезници за локациите споменати во маршрутата;
  • Технички пратител на групата над  20 патници.

        Цената не вклучува :

  • Аеродромски такси од 296€;
  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата, лични трошоци;
  • Факултативните екскурзии:
  • Излезна такса од Бали (околу 10 USD, се плаќа при излез од Бали исклучиво во локална валута);
  • Бакшиши за возачот и локалниот водич;
  • Задолжително патничко осигурување.

     

    Факултативни екскурзии:

  • Вакцинација: не е потребно
  • Класична Бали тура (Classic Bali tour) (полудневна тура / околу 6 часа)

    Поаѓање во попладневните часови на полудневна тура каде што ќе имате можност да ги истражите неверојатниот храм  Uluwatu Temple, изграден на работ на карпа. Доживејте го најдоброто балиско зајдисонце додека пеат стотина балиски изведувачи кои го изведуваат  најпопуларниот танц во Бали, Kecak, во типичен балиски магичен амбиент (факултативно). Потоа се продолжува кон заливот Jimbaran за да уживате во свежа делукс пакет вечера со морска храна и јастози на скара.

    Цена по лице изнесува: 52

  • Чудата на Бали (Wonders of Bali) (целодневна тура / околу 10 часа)

    Целодневна тура која ќе ви ги покаже сите импресивни разлики во природата на прекрасниот остров Бали. Од ниските и релативно рамни оризови полиња на Tabanan, сѐ до планинскиот регион во Bedugu. Ќе имате можност да го посетите Бали Паркот на пепертуките во Tabanan, прекрасниот храм Ulun Danu, сместен на мал 'рт на брегот на езерото Beratan, ќе уживате во величествена глетка на прекрасните водопади Gitgit, и на крај патувањето ќе не однесе низ оризовите тераси наречени Jatiluwih, кои се наоѓаат на листата на светско наследство. Во турата е вклучен ручек во локален ресторан.

    Цена по лице изнесува: 41€

  • Кралското Езеро и морските храмови (Royal Lake Sea Temple) (целодневна тура / околу 10 часа)

    Целодневна тура на која ќе го откриете импресивниот Кралски Храм на Mengwi, познатиот Taman Ayun, опкружен со широк ров, што создава чувство како да стои во средината на езерото. Следи посета на планинското село Bedugul, кое се наоѓа на езерото Bratan и ќе уживајте во ручек во локален ресторан покрај езерото. По ручекот, следи возење со традиционален брод Jukung за да стигнете до величествениот воден Храм Ulun Danu Temple. На крајот од денот, ќе се упататите кон најпознатиот храм Tanah Lot, најфотографираното место на Бали, да уживате во драматичното зајдисонце. Во турата е вклучен ручек во локален ресторан покрај езерото Bratan.

    Цена од лице изнесува: 46€

  • Убуд тура (Surface of Ubud) (полудневна тура / околу 6 часа)

    Откријте го Убуд, центар на уметноста во Бали, дом на многу познати уметници. Восхитувате се на несекојдневната убавина на величествените природни оризови тераси во Бали, кои се наоѓаат во Tegalalang. Ќе уживате во убавините на кралската палата Royal Palace Ubud, со прекрасната градина, каде што сѐ уште живее Кралското семејство. Ќе имате можност за шопинг на уметничкиот пазар на Ubud, најпопуларниот традиционален пазар на целиот остров, каде се продаваат многу балиски ракотворби и текстил. А на крајот следи кратка посета на шумата на мајмуните - дом на здрава популација на долго-опашести макаки. Во цената не се вклучени оброци.

    Цена од лице изнесува: 25

  • Музеј на маски и кукли (House of Mask & Puppet) (полудневна тура / околу 6 часа)

    На оваа полудневна тура ќе имате можност да го видите вистинскиот комплекс на балиски традиционални куќи во селото Singapadu. Ќе уживате во несекојдневната убавина на храмот Batuan Temple, со прекрасните резби и орнаменти во традицијата на балиската архитектура. Ќе ја истражите најголемата колекција на церемонијални азиски маски и кукли, незаобиколен дел од индонезиската култура, во уникатниот музеј Setia Dharma. Следи време за богат ручек во еден од локалните ресторани, додека уживате во прекрасниот пејсаж на Tjampuhan долината на само неколку метри од вашата маса.

    Цена од лице изнесува: 47

  • Bayad Еко патеки Bayad (Bayad Eco Treks) (полудневна тура/ околу 7 часа)

    Истражете длабоко во внатрешноста на Бали, шетајќи по трекинг патеката долга 6 km низ оризовите полиња и плантажи во Bayad, дом на некои од најпознатите спектакуларни пејсажи на островот Бали, пештери, водопади и прекрасна флора и фауна што можат да се истражат само пеш. Ќе имате можност да ја посетите Goa Maya пештерата, во која се наоѓа светилиште со голем број на свети хинду статуи, и да засадите свое дрво долж трекинг патеката со вашето име прицврстено на него (факултативно). Во турата е вклучен ручек во локален ресторан со поглед на долината Petanu.

    Цена од лице изнесува:49

  • Рурален Бали (Rural BaliLife Scene) (полудневна тура / околу 10часа)

    Со оваа целодневна приватна тура ќе имате можност да го откриете вистинскиот балиски начин на живот и да дознаете повеќе за локалната култура и традиции во руралните села во Бали. Ќе го посетите селото Guliang Kawan, ќе видите како се изработуваат прекрасните Canang Sari, дар кој го принесуваат на хиндуските богови, како се прави палминото вино Tuak, како се изработуваат традиционалните балиски алатки, традиционалните шапки, како се сади и собира оризот. Ќе дознаете повеќе за Subak, традиционалниот балиски систем за наводнување, кој е УНЕСКО признат начин на одржливо земјоделство. Во турата е вклучен ручек со поглед на оризовите полиња. И за крај, следи посета на прекрасно традиционално село Penglipuran, кое ја зачувало своjата традиционална балиска архитектонска градба на куќи сѐ до денес.

    Цена од лице изнесува:46€

     

     

    НапоменаРезервација на факултативните екскурзии е важно да се резервираат најдоцна до февруари2018, цената е променлива во случај бројот на пријавени да е помал од 16патници . 

    Корисни информации:

  • Официјално име: Република Индонезија
  • Географска положба: Индиски Океан
  • Главен град: Џакарта (главен центар во Бали - Денпасар)
  • Службен јазик: Bahasa Indonesia - официјален, и англиски и германски се исто така користени
  • Религија: Хинду во Бали
  • Временска разлика: + 6 / + 7 часа во споредба со Македонија
  • Валута: Индонезиски рупии (IDR), 1 EUR = приближно 15,82 IDR.
  • Електричен напон: 110/220 V (потребен e адаптер)
  • Клима: тропска клима во текот на целата година со топли, влажни денови и пријатни умерени вечери.
  • Најдобро време за посета: Мај, јуни и септември најдобро време за посета (суво, помалку влажно), најдобро време за многу активности, вклучувајќи нуркање. Април и октомври се уште добри.
  • Повикувачки код: +62

 

             Услови:

  • При резервација се плаќа депозит од 30%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање.
  • Понудата важи за минимум 20 пријавени патници.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници  – 30 дена пред поаѓање.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Осигурување

     

    Неопходни документи:

  • За влез во Индонезија не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови:
  • валиден пасош,
  • или потврда за извршена хотелска резервација.

     

    Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • над 60 дена  пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

               

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

 

Сподели!

21

Leave a comment

You are commenting as guest.