Designed by Сайт города Читы

Санторини - поаѓање од Охрид (автобус)

5.0/5 rating (1 votes)
Description

Монденски, незаборавен, традиционален...остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ДЕН (06.10.’17 – петок) : ОХРИД Состанок на групата на бензиската пумпа Лук Оил кај автобуската станица во 16:30 часот. Поаѓање за Грција во 19.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (07.10.’17 – сабота) : ПИРЕА – САНТОРИНИ         Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари...Во вечерните часови – во договор со групата  и  нашиот локален водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за нокно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус,  враќање во Камари. Ноќевање.

3 ДЕН (08.10.’17 – недела) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет...посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш...посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање...патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир...стигнуваме до градот Фира - главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови...слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири...во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)... можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4 ДЕН (09.10.’17 – понеделник) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел.  Ноќевање.

5 ДЕН (10.10.’17 – вторник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА - ОХРИД Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300. метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреја. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Охрид во раните утрински часови – наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :           11.100,00 денари (179 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација,  3 Н/П во хотел со 3* во Камари, трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа, трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел - пристаниште, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (210,00 денари по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Целодневен излет низ Санторини – 35 € по лице (автобус+локален водич – минимум 30 лица) – препорака!, крстарењето со брод – 35 € по лице (минимум 30 лица) - препорака!, посета на винаријата – 18 € по лице (влезница+резервација). ПАКЕТ ЦЕНА-ФАКУЛТАТИВА : 80 € по лице.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.09.2017 !!!

Сподели!

177

Принтај!

Print

Leave a comment

You are commenting as guest.