Designed by Сайт города Читы

Виена и Братислава (авион) Сигурна реализација Промо

8-Мо Мартовска понуда за ВИЕНА и БРАТИСЛАВА (авион) СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА. За уплата до 21 Февруари 199 евра (12.350 денари)

 

 

4 дена/ 3 ноќевања

09. Март (Петок) СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 14:15 часот. Полетување за Братислава во 15:45 и слетување во 17:15 часот. Трансфер до Братислава и сместување во хотел. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Ноќевање.

10. Март (Сабота) БРАТИСЛАВА – ПАРНДОРФ - ВИЕНА

Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот, со прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Организиран трансфер до Виена со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Сместување во хотел. Ноќевање.

11. Март (Недела) ВИЕНА

Појадок. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Слободно време за ручек со вистинскавиенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.

12. Март (Понеделник) ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 23:30 часот.

За уплата до 21 Февруари 199 евра (12.350 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 257 евра (15.950 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)

- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно и превоз од Братислава до Виена

- Сместување во Хотел Crowne Plaza 4* во центарот на Братислава на база 1 ноќевање со појадок

www.cpbratislava.sk

- Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4* во центарот на Виена на база 2 ноќевања со појадок

www.austria-trend.at/en/hotels/ananas

- Разгледување на Братислава и Виена според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 2.980 денари

- Пешачка прошетка во Виена со локален водич 15 евра

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.800 денари

- Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

- Патничко – здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

 

Сподели!

37

Leave a comment

You are commenting as guest.