Designed by Сайт города Читы

Истанбул (автобус, поаѓање од Охрид)

1 ден (08.03.2018): ОХРИД
Состанок на групата кај бензиската пумпа Лук Оил кај автобускта станица во 16:30 часот.
Поаѓање за Турција во 19:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг… ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (09.03.2018): ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Автобуски панорaмски разглед на градот со локален водич. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија….
Слободно време за одмор, шопинг, прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (10.03.2018): ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот – факултативна посета на Аја Софија (Света Софија), едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од Царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија – едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 уникатни минариња изградени во името на султанот Ахмет, како и Хиподромот.
Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Вечерта факултативна посета на Национален ресторан со комплетно мени и програма. Ноќевање.

 

4 ден (11.03.2018): ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот.
Посета на Цариградската Патријаршија. Поаѓање за Охрид во попладневните часови.

 

5 ден (12.03.2018): ОХРИД
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности….
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 95 ЕВРА (5.840 МКД)

ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И УПЛАТА ДО 20.02.2018: 85 ЕВРА (5.270 МКД)

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР ОД ОХРИД 5 ЕУР ПО ЛИЦЕ

Цената на аранжманот вклучува:

·       Автобуски превоз на горенаведената релација

·       2 ноќевања со појадок во Viva deluxe 4* (или сличен)

·       Панорамски разглед на градот со стручен водич од автобус

·       Посета на Цариградската Патријаршија

·       Организација, водство и реализација на аранжманот

 

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

·    Аја Софија заедно со Топ Капи Палатата и нејзината ризница (влезница со стручен водич + слушалки за Аја Софија кои се задолжителни) + Сината Џамија + Хиподром  35€ по лице

·    Крстарењето со брод по Босфор 15€

·    Вечера во национален ресторан со комплетно мени и програма 25€

·    Патничко осигурување

 

Напомена:
Т.А.Јк Травел и Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!
Организаторот не е надлежен да ја цени исправноста на патните документи
Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата.
Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот.
Цената е дадена за 1 лице за сместување во двокреветна и трикреветна соба со појадок.

Сподели!

10

Leave a comment

You are commenting as guest.