Designed by Сайт города Читы

Рим-Ватикан (Автобус)

РИМ-ВАТИКАН

БАРИ –АЛБЕРОБЕЛО-СОРЕНТО- НЕАПОЛ- СИЕНА-ФИРЕНЦА


Сите патишта водат во РИМ... Вечниот Град - Рим едноставно е музеј на отворено за милионите туристи кои го посетуваат. Седиштето на “светата столица” - Ватикан е во самото срце на Рим, каде се издига најголемата црква во светот  - ”Св. Петар”.

07.03.17 Поаѓање на групата во 15.00 часот се патува преку Игуменица за Бари. Поаѓање во 23.оо часот со брод од Игуменица за Бари (Италија).

08.03.17 Пристигнување во Бари во утринските часови и посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат моштите на православниот светец. Продолжување за Алберобело – најнеобично градче, како од бајките од цртаните филмови “Штрумфови”, куќи изградени од бел камен. Потоа патот продолжува за Амалфи и Соренто-бисери на Тиренско море со препознатливи обоени куќи. Попладнето ќе се посети Соренто каде ќе се видат: Катедралата од 15 век, плоштадот Тасо а потоа слободна прошетка низ градот. Сместување во хотел кај Соренто. Ноќевање.

09.03.17 Појадок. Поаѓање и посета на Неапол, каде можат да се видат: Кралската палата, црквата Сан Франческо Ди Паола, Кастел Нуово. Поаѓање за Рим и разглдеување на градотсо локален водич: Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на цар Трајан, Капитол, плоштадите Венеција ја и Еспанија, Шпанските скали, Фонтана Ди Треви. Сместување во хотел. Ноќевање

10.03.17 Појадок. Факултативно разгледување на Ватикан со локален водич; Ватиканските музеи, цр Св. Петар, Сикстинската Капела... По разгледот слободно попладне во центарот на Рим како и посета на трговски шопинг центар. Ноќевање.

11.03.17 Појадок. Поаѓање и посета на Сиена кој е под заштита на УНЕСКО  а притоа ќе се видат: Градскиот плоштад Кампо - во облик на школка, каде се наоѓа Градското Собрание, Фонтаната Гаиа, Сиенската Катедрала од 12 век..Поаѓање и посета на Фиренца - каде ќе се видат:мостот Понте Векио, Катедралата Дуомо, статуата на Давид, реката Арно. Поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.

12.03.17 Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

Цена: 14600.оо ден.

 

 Во цената е пресметано:

- превоз со туристички автобус на дадената релација

- превоз со брод Игуменица – Бари на “DECK” и бродска такса

- сместување во хотел со 3* - 2 нок/појадок кај Рим  www.excelciampino.it

- сместување во хотел со 3* - 1 нок/појадок кај Соренто www.aeqvahotel.it

- разгледување на Рим со локален водич

- попатни посети на Бари, Алберобело, Амалфи, Соренто, Неапол, Сиена, Фиренца

- организација и придружник на екскурзијата

Во цената не е пресметано:  

- задолжително здравствено патничко осигурување - без франшиза - 250 денари

- доплата за кабина Игуменица - Бари од 25-50 евра по лице (при резервација во Т. А.)

- превоз, влез и разглед со слушалки на Ватикан со локален водич - 25 евра

Напомена: Рок на пријавување  до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. Одисеа Ви го честита денот на Жената “8 - ми Март”.


Сподели!

8

Leave a comment

You are commenting as guest.