Designed by Сайт города Читы

Сараево-Мостар-Дубровник (Автобус)

1 ден 09.03.2017 Поаѓање за Сараево во 20.00 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

2 ден 10.03.2017 Во утринските часови пауза и посета на Мокра Гора - каде се најдува Музејот на отворено - Дрвениот град на Емир Костурица, како и единствената туристичка - музејска железница “Шарганска Осмица”се продолжува за Вишеград каде ќе се види Мостот на "Дрини Чуприја" изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,како и"Андричев град"-повторно дело на Емир Костурица-како би требало да изгледа средновековен Вишеград Пристигнување во Сараево и сместување во  хотел. Попладнето прошетка во центарот на градот -низ Башчаршија. Ноќевање.

3 ден 11.03.2017 Појадок. После појадокот разгледување на градот со локален водич: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата... Слободно попладне во центарот на Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

4 ден 12.03.2017 Појадок. Поаѓање за Дубровник со попатни посети на Мостот на Неретва и Стариот мост во Мостар. Продолжување за Дубровник преку Неум. Пристигнување во Дубровник и прошетка во стариот дел на градот каде ќе се видат: Страдун, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, Црквата Св.Влах, Кате-  драла итн. Поаѓање за Македонија, преку Ц.Гора иАлбанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 13.03.2017 Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА: 5990.oo денари

 

  Во цената се пресметани следните услуги:                                 

 - превоз со туристички автобус

 - сместување во хотел со 3* на база 2 н/п

-  разглед на Сараево со локален водич

 - попатни паузи на Мокра Гора, Мостар и Дубровник

 - организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

- патничко и здраствено осигурување - без франшиза - 200 ден

-  факултативна вечера со музика во ресторан - 20 еур

- влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување
Т.А. Одисеа Ви го честита 8 - ми Март - денот на жената.

Сподели!

6

Leave a comment

You are commenting as guest.