Designed by Сайт города Читы

Швајцарија (Автобус)

Image result for cirih svajcarska


Термин 06 Март

1 ден 06.03.201СКОПЈЕ - ВЕРОНА

Состанок на групата во 13:30 ч. на паркингот пред спортски центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и поаѓање за Верона (1300 km) во 14:00ч. Патување преку СрбијаХрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.201ВЕРОНА

Пристигнување во Верона. Разглед на градот: Градските ѕидини, Гробот на Јулија, Плоштад БРА, Општинската зграда, Офицерскиот Дом – Театарот, Арената (Колосеум), виа Мацани, куќата на Јулија, Плоштад Ебре и најстариот пазар во Верона, Столбот на срамот, Плоштадот Сињори, Старата прокуратоура и затворот, Гробот на фамилијата Дела Скала… Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Верона. Во попладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.201ЦИРИХ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Цирих, Швајцарија, Пристигнување во пладневните часови во Цирих. Разглед на градотлокален водич (факултативно): Стариот град - Niederdorf, Grossmunster – стара романска црква од  1519 год., Fraumunster – стара готска црква од 853, Lindenhof - живописно брдо со тесни улички, Landmuseum – музејскиот кварт, железничката станица... Слободно попладне за индивидуални прошетки.Препорачуваме Bahnhofstrasse (најпознатата и најголема шопинг улица во Швајцарија), Schanzengraben (мал канал кој води од железничката се до Циришкото Езеро), познатата циришка променада покрај езерото... Во поладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2018 ИРИХ – ЛУЦЕРН - ЦИРИХ

Појадок. После појадокот можност за факултативена посета на Луцерн. Разглед на градот: Градското пристаниште на едно од најубавите езера во Швајцарија, Луцерншко Езеро, познатиот културен центар KKL, најстариот мост Капелбруцке, катедралата Jesuitenкirche, Градското Собрание, мостот близнак на Капел Бруцке (со кој биле обележани границите на стариот град), Стариот град и неговите живописни улички, градските ѕидини од каде има прекрасна панорама на градот, момументалниот споменик на Швајцарската гарда – Луцерншкиот ЛАВ, продолжуваме покрај старата Швајцарска Куќа (ресторан), катедралата Св. Леодгер... Слободно попладне за индивидуални активности во центарот на градот, како и можност за прошетка на променадата и уживање покрај Луцерншкото езеро и прекрасните планински пејзажи. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 10.03.201ЦИРИХ  – ЖЕНЕВА

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Женева. Разглед на градот Женева: палатата на Обединети Нации, мостот Мон Блан, монументалниот споменик BrunswickАнглискиот парк, фонтаната JetDEauпрошетка низ стариод град, градската катедрала СВ.Петар, Кантон - Парламентот... Слободно време за индивидуална прошетка и фотографирање со една од најпознатите фонтани во светот. Сместување во хотел. Можност за посета на центарот на Женева (со јавен превоз во договор со водичот), прошетка по променадата на Женевско ЕзероСтариот град. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден 11.03.201МОНТРЕ – ЛОЗАНА - НИОН

Појадок. После појадокот можност за целоднвевен факултативен излет на Монтре, Лозана, Нион. Посета на монденското место Монтре, можност за прошетка по бреговите на Женевското Езеро познатата променада на која има повеке од 150 различни видови на растенија и спомен бистата на Фреди Меркјури, низ центарот на Монтре и посета на замокот Шилон. Потоа патувањето продолжува по бреговите на езерото кој нуди единствена глетка од вашата лева страна Женевското Езеро и погледот на француските Алпи додека пак од десната страна имозантен поглед кон пространите лозови насади. Патувањето продолжува

кон Лозана, главниот град на кантонот Ваду. Прошетка низ градот во кој се наоѓа Меѓународниот Олимписки Комитет и прошетка низ центарот на Стариот град: готската катедрала NotreDame, Дворецот Св. Мариа, Музјскиот комплекс Румине, Плоштад Рипон, црквата Св. Франсис, уметничкиот шопинг кварт Флон... Прошетката продолжува покрај езерото. Слободно време за индивидуална прошетка и фотографирање покрај Олимпискиот Музеј, замокот  d'Ouchy, пристаништето. Потоа поаѓање за Нион, кратка прошетка  низ центарот на градот, пристаништето и замокот deNyon. Поаѓање за Женева, враќање во хотел. Ноќевање.

7 ден 12.03.201ЖЕНЕВА – БЕРН – ШТААД - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Попатна посета на ШТААТ - САНЕНЛАНД (во срцето на швајцарските Алпи), луксузен, еминентен, елитен ски центар. Слободно време за индивидуална низ центарот на градчето. Попатно се застанува во локална фарма каде се произведува вкуснен алпски кашкавал, можност за дегустација и купување на истиот. Поаѓање за Берн, културно политички и економски центар и главен град на Швајцарија. Прошетка низ центарот на градот, слбодно време. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и пасошка и царинска контрола.

8 ден 13.03.201Скопје

Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 349€/ 21.630 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369€/ 22.870 ден.

                                                                                                                                                              

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* во Верона или околина на Верона  – 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 2*/ 3* во Цирих – 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 2*/3* во Женева – 2НП (ноќевање со појадок)
  • Организирани разгледи на градовите според програмата
  • Професионален придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

 

Ве цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневна факултативна посета на Луцерн - 45€
  • Целодневен факултативен излет Монтреу, Лозана,Нион - 50
  • Разглед на Цирих со локален водич - 10€
  • Метро и автобуски карти
  • Патничко осигурувањебез франшиза – 260 ден.
  • Туристичка такса во хотелите во Швајцарија (се плаќа на рецепција)
  • Индивидуални трошоци.

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Т.А. Одисеа и СКТМ

Сподели!

8

Leave a comment

You are commenting as guest.