Designed by Сайт города Читы

Солун-Лутраки-Воден (Автобус)

ЛУТРАКИ е мало туристичко место. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето,посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Температурата на водата е од 37-38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

1 ден 04.03.2017 / 11.03.2017

Поаѓање во 04.30 часот од пред агенција,после граничните и царински формалности пристигнување во Солун. Кратка обиколка на центарот на градот по улицата Виа Игнациа, Белата Кула, плоштадот Аристотелос, црквата Св. Димитрија и слободно време за шопинг. Се продолжува за Лутраки и сместување во студиjа и апартмани. Вечерта факултативна  вечера во национален ресторан -Таверна со музика. Ноќевање.

2 ден 05.03.2017 / 12.03.2017

Слободно време за индивидуални активности со можност за капење во бањите во Лутраки. Околу 12:00 часот поаѓање за Македонија со попатни посети на Воден и водопадите. Продолжување за  Македонија и пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА2500.oo ден.

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:                     

- превоз со туристички автобус на наведената релација

- сместување во студиjа и апартмани-1 ноќевање

- посета на Солун и водопадите во Воден

- организација и придружник на патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

- здравствено патничко осигурување-100 ден (здолжително)

- свечена вечера во Таверна со музика - со 1 пијалок (20 евра)

 

Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2017 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Т.А. Одисеа Ви го честита 8 - ми март- Денот на жената

 

Сподели!

12

Leave a comment

You are commenting as guest.