Designed by Сайт города Читы

Солун-Метеори (Автобус)

1 ден (03.03.2018 – сабота): БИТОЛА – СОЛУН

Состанок на групата во 04:45 часот пред спортската сала “Младост”. Поаѓање во 05:00 часот за Солун. Патувањето води преку г.п. Meџитлија, Воден, Јаница... пристигнување во делот на Солун каде се наоѓаат најголемите трговски центри (Cosmos, Ikea, Jumbо). 3 часа слободно време за шопинг. Упатување кон центарот на градот. 2 часа слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот, шопинг, посета на знаменитости: плоштадот Аристотелис, црквата Св. Димитрија, Белата Кула или крстарење по крајбрежјето. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетки и уживање во ноќниот живот кој Солун го нуди. Ноќевање.

 

2 ден (04.03.2018 – недела): СОЛУН – МЕТЕОРИ – БИТОЛА

Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за Метеори. Околу пладне, пристигнување на Метеори, каде имаме посета на еден или два од неколкуте Византиски манастири (манастирот Свето Преображение и  манастирот Варлаам) кои се надвиснуваат над Каламбака. По разгледот – посета на работилница за изработка на црковни предмети и икони, кои се изработуваат според древната црковна традиција. Можност за факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака и слободно време за прошетка низ улиците на малото гратче... Состанок на групата во претходно догворено време и планирано поаѓање за Битола во доцните попладневни часови.

Цена на аранжманот: 2.980,00 денари

Начин на плаќање30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 7 дена до поаѓање или на одложено плаќање на еднакви месечни рати.

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • посета на Космос, Џамбо, Икеа
  • 1 НП во хотел со 3* во Солун
  • посета на Метеори
  • посета на работилница за икони
  • посета на Каламбака
  • организација, водство и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • влезници за манастирите (3€ за секој манастир)
  • патничкото осигурување

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Сподели!

9

Leave a comment

You are commenting as guest.