Designed by Сайт города Читы

Сутоморе-Будва (Автобус)

1 ден (среда – 07.03.2018): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 21.30 часот. Поаѓање за Црна Гора во 22:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар, Бар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

2 ден (четв. – 08.03.2018): ОСТРОШКИ МАНАСТИР – ПОДГОРИЦА – СУТОМОРЕ

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови. Слободно време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство... вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие... основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Во попладневните часови посета на трговскиот центар “Delta City” во Подгорица и поаѓање за Сутоморе. Сместување во двокреветни и трокреветни соби. Ноќевање.

3 ден (петок – 09.03.2018): СУТОМОРЕ – КОТОР – БУДВА  

Во утринските часови поаѓање за факултативна посета на градот Котор и разглед на стариот град со стручен локален водич. Стариот град Котор (како дел од некогашна Република Венеција) е дел од културното наследство на УНЕСКО, со добро зачувани градби и тврдина, а заливот Бока Которска е најдлабокиот и најдолгиот залив на Јадранско Море или најјужниот фјорд во Европа. Упатување кон Будва. Попладне враќање во Сутоморе. Слободно време за одмор. Во вечерните часови поаѓање за факултативна организирана вечера во Будва. Во ноќните часови враќање во Сутоморе. Ноќевање.

4 ден (сабота – 10.03.2018): ДУБРОВНИК

Факултативна целодневна посета на Дубровник. Патот води преку Тиват, со траект, покрај Херцег Нови. Пристигнување во Дубровник – бисерот на Јадранот, кој изобилува со исклучително богата туристичка понуда. Град на хотели, преубава околина и завиден еколошки стандард – привлечен во секое годишно време. Со самата прошетка низ “Страдун“, тесните улички и малите плоштади, монументалните ѕидини и тврдини, ќе се сретнете со илјада годишна убавина на неговото како во школка вовлечено урбано јадро. Разглед на стариот дел на градот: градскиот часовник, Орландовиот столб, Онофриевата чешма, Палтата Спонца, црквата Св. Влах – заштитникот на градот... Вечерта враќање во Сутоморе. Слободно време. Ноќевање.

5 ден (недела – 11.03.2018): СУТОМОРЕ – ТИРАНА – БИТОЛА

Во утринските часови одјавување и напуштање на собите. Упатување кон Тирана. Попатна посета на ресторан Нијагара и пауза за ручек. Продолжување на патувањето кон Тирана. Во попладневните часови враќање за Македонија. Пристинување во Македонија во ноќните часови.   

Цена на аранжманот: 3.980,00денари

       - Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 3 ноќевања во вила во Сутоморе
  • Посета на Острошки Манастир, Подгорица, Будва и Тирана
  • Туристичка такса за Острошки Манастир
  • Туристичка такса за вила во Сутоморе
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Целодневна посета на Дубровник – 15 €
  • Посета на Котор – 5 €
  • Организирана вечера во ресторан во Будва – 25€
  • Патничко осигурување

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Сподели!

8

Leave a comment

You are commenting as guest.