Designed by Сайт города Читы

Велигден на Јонско море Парга-Лефкада-Крф-Мецово (Автобус)

ноќи/ 4 Дена автобус

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 4 дена. А никаде во Грција не се слави Велигден како традиционално на Јонските острови, а посебно на островот Крф. Парга пак е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно туристичко место и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…

Островот Крф воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња е токму во една од најубавите приказни во своето дело “Одисеја”, Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата раскажува… и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната – наречена Крф. Тој е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви… како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови. Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден од Медитеранот е на островот Крф. Над десет илјади посетители доаѓаа на Крф со цел да се прослави. На преубавиот остров Крф, празникот над празниците Воскресение Христово е прекрасно случување кое хармонично ги обединува православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

Остров Крф или Керкира, или често се нарекува острoвот на смарагдите или рајската градина, е романтична приказна за љубовта на морето. Крстен е по нимфата Керкира, ќерката на Азоп (речен бог) и речната нимфа Менопа, во која што богот на морето Посејдон толку многу се вљубил во неа и ја донел на таен прекрасен Јонски остров. Посејдон бил толку вљубен што островот го крстил по неа. Повеќето од нас остров Керкира го знаат по туристичкото име Крф.

 

Прославувањето на Велигден на остроф Крф се смета за нај традиционално во цела Грција. Повеќе илјада туристи се собираат на тој ден да го одбележат овој христијански празник и да се дел од оваа прекрасна комбинација од богата историја на островот со традиционалните религиозни обичаи

1 ден 06.04.2018  – Петок Скопје-Битола- Јанина – Парга

Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Ноќевање 1.

2 ден 07.04.2018 Сабота  Целодневна екскурзија Крф

Појадок. Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00  Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 2.

 3 ден 08.04.2018 Недела Целодневна екскурзија Лефкада

Појадок. Организирано заминување за екскурзија Лефкада во 10,00 часот. Посета на градот Лефкас како и разглед на островот од неговите две страни , со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја. ФАКУЛТАТИВНО-Организирано крстарење  Кефалонија, Итака (родното место на Одисеј), посета на пештерата Папа Николаос, разглед на најубавите плажи на Лефкада (Порто Катсики и Егремни), островот Скорпиос….15 Еур. Можност за факултативен ручек во рибен ресторан – таверна. Попатна посета на маркетот Лидл со можност за шопинг. Заминување за Парга во попладневните часови. Вечерта факултативно организирана вечера со музика – 12 Eur (факултативно) Ноќевање 3.

4 ден 09 04,2018  Понеделник Парга – Јанина – Мецово -Битола-Скопје

Ослободување на апартманите и заминување кон Мецово – карактеристично планиско место, ко плени со својата автентичност и зачувана стара архитектура. Можност за посета на прекрасните цркви и манастири во местото како

можност за ручек на карактеристичните влашки јадења – факултативно. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во попладневните часови.

 Цена: 119 Еур/ 7.370 мкд

Деца 2-12 години со 2 возрасни 3900 денари Сопствен превоз на барање.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски и бродски превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет)
  • Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира) и Мецово
  • Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни влезници на локалитетите
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници.

 

Цени за сопствен превоз:

1/2 студио 35 Еур/наем на ден
1/3 студио 40 Еур/наем на ден
1/4 студио 45 Еур/ден
1/5 апартман 60 Еур/ден

Сподели!

30

Leave a comment

You are commenting as guest.