Designed by Сайт города Читы

Барцелона "La Gran Encisera" - предлог места за посета

Со титулата “La Gran Encisera”, Барселона, престолнината на Каталонија е еден од највозбудливите и најдинамичните дестинации на западен Медитеран. Раскрсница на различни култури, француска, шпанска, арапска и афричка, овој град нуди разноврсни архитектонски знаменитости, изложби, концерти и авангардни клубови.

Прошетајте низ легендарната улица Las Ramblas, видете ја атракцијата на градот – волшебната фонтана Font Magica (игра на вода и светла), катедралата Sv. Eulalije, импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен - црквата Sagrada Familia. Уживајте во најубавиот градски парк Montjuic, посетете го музејот на Пикасо. Не ги заборавајте архитектонските дела на модернистичкиот архитект Antoni Gaudi, чии градби ја прославија Барселона, а за љубителите на најважната споредна работа на светот – посетете го Museo de FC Barcelona (стадионот Camp Nou).
Незамисливо е да се пропушти шопинг во овој монденски град. Продавниците и бутиците долж Paseo de Grasia, во квартот Eixample, ќе го задржат вниманието и на најпробирливите купувачи.

А, за оние кои се во потрага по возбудлив ноќен живот – вкусете ја аромата на оваа дива и фантастична метропола преку бескрајниот избор на ресторани, барови, ноќни клубови и дискотеки.

Предлог места за посета:

– Barrio Gótico – Готски кварт со римски градби, тесни улички и бројни тапас барови и кафетерии.

– Las Ramblas – 2 км долг булевар познат по кефетериите, улични претстави, продавници, галерии, живи статуи и акробати.

– El Puerto – Пристаниште кое нуди поглед на градот, од кој ви застанува здивот, од врвот на споменикот на Колумбо.

– El Ensanche – Во овој дел на Барселона се наоѓаат луксузни населби и познати споменици – креации на aрхитектот Antoni Gaudi, како што се Parc Güell и катедралата Sagrada Familia. Неговите дела (Bellesguard – симболот на Каталонија, la Casa Batlló и др.) може да се видат низ целиот град и секако треба да се ужива во неговата единствена уметност.

– Montjuïc- импресивно брдо кое ги привлекува посетителите со своите ботанички градини и музеи.

– Tibidabo – на овој 350 метри висок врв се наоѓа најпознатиот забавен парк во цела Европа.

– Parc de la Ciutadella – во овој парк се наоѓаат Золошката градина, Музејот на природни науки, Парламентот на Каталонија и монументални фонтани.

За понуда за индивудуален аранжман за Барцелона ве молиме контактирајте не.

Сподели!

573

Leave a comment

You are commenting as guest.