Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! АРАПСКА АВАНТУРА 4 ЕМИРАТИ - 7 НОЌЕВАЊА 31.10.2023 - 09.11.2023

ПРОМО! АРАПСКА АВАНТУРА 4 ЕМИРАТИ - 7 НОЌЕВАЊА 31.10.2023 - 09.11.2023

DUBAI + ABU DHABI + SHARJAH + RAS AL KHAIMAH
31.10.2023 - 09.11.2023

 

1 ден ( 31 октомври 2023)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00ч. Полетување за Дубаи во 20.45 преку Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул во 00.10ч, полетување од Истанбул во 01.45 ч и слетување во Дубаи 07.00ч на 01 ноември, сите сатници се локални.
 

2 ден ( 01 ноември 2023)

На аеродром пречек од водич на македонски јазик , и трансфер до хотел со 4* .Оставање на багажот во дежурна соба до времето за check in, можност за краток одмор , освежување и промена на гардероба , а потоа полудневен разглед на Дубаи, нов дел со лиценциран водич на Македонски јазик. (Разгледот е вклучен во цената). Разгледот почнува со запознавање на атрактивните модерни локации во новиот дел на Дубаи, тргување од хотелот со климатизиран автобус. Прво ќе го посетиме вештачкиот полуостров Blue Waters, кратка пауза за фотографирање на прекрасниот поглед кон Dubai Marina, JBR, монденска луксузна плажа од отворен тип и најновата Дубајска атракција, најголемото панорамско тркало на светот Ain Dubai Ferry Wheel, во чијашто непосредна близина се наоѓа новоотворениот музеј на восочни фигури Madam Tissot – Dubai.
Следна локација е модерно изградената резидентно – хотелска област: Dubai Marina со стоп пред еден од најпрепознатливите и најуникатните облакодери во овој дел на градот, зградата Cayan Tower или поповеќе позната како: Infinity Tower,заради нејзината форма во двојво усукана спирала .
Наша следна локација е, посета на палмата: The Palm Jumeirah и локацијата: The View at the Palm ( факултативно), од каде се гледа  целосната структура на палмата. Следува, најромантичниот дел на новиот дел на Дубаи – Jumeirah Madinat уште попозната како: Arapska Venecija.
Оваа прекрасна мала локација е спој помеѓу старото и новото во овој магичен Емират. Изградена во традиционален Арапски стил, со надалеку познатион арапски луксуз, кој наликува на еден стар арапски медитерански град. Коплексот е мал трговски центар, каде се наоѓаат бројни ресторани, ноќни клубови, дискотеки, мал театар и сала за модерна дигитална видео ликовна проекција. Секако не изостануваат продавниците за сувенири, продавници за накит и останата луксузна стока. Од оваа локација, имаме најубав поглед кон Burj Al Arab најлуксузниот хотел во светот, единствен со 7*.  Во вечерните часови – крстарење со  луксузна  јахта, со вечера , пијалок ,кафе,од Dubai Marina до Atlantis the Palm и назад (факултативно )! Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден ( 02 ноември 2023)

Појадок. По појадокот факултативна посета на Емиратот ABU DHABI . Разглед со локален водич на македонски јазик . Ако Дубаи претставува престолнина на модерното и атрактивното тогаш Абу Даби е престолнина на луксузот и раскошот. Посета на Формула 1. Ferrari World кој се наоѓа во трговскиот центар Јаз, на островот Јаз ,во чиј состав се наоѓа познатиот забавен парк на Формула 1. Ferrari World.

ПАУЗА ЗА РУЧЕК ВО РЕСТОРАН СО ШВЕДСКИ СТОЛ .

Следна станица е фото сесија пред луксузниот хотел “ Emirates Palace” , кој првенствено преставува официјално место за дочекување на светските државни делегации, но секако и хотел кој може да си го дозволи светскиот џет – сет.
Доколку сакате можете да резервирате место во едно од кафулњата во овој хотел каде ќе можете да ужувате во уникатноста на пиење кафе попрскано со вистинска златна прашина или да се засладите со колачиња попрскани со златна прашина.
Турата опфаќа обикола и панорамско разгледување на музејот Louvre Abu Dhabi & Qasar Al Watan, Etihad Towers , Hotel bab al Qasr... Посета  на  прекрасната голема бела џамија наречена Шеик Заједова Џамија,од која ке бидете  фасцинирани,направена од уникатниот и надалеку познат македонски мермер, инаку позната уште како “ Цветна Џамија“. Sheikh Zayed Mosquе. Во прошетка низ овој монументален објект ќе Ве води нашиот лиценциран водич на македонски јазик. Таму ќе го видите најголемиот и најскап лустер на светот изработен од 40 милиони парчиња Сваровски кристали и најголемиот персиски тепих на светот.

НАПОМЕНА:
Влезот во хотелот “ Emirates Palace” – не е гарантиран доколку однапред немаме  резервирано место во кафе ресторанот “ La Café” каде се служи познатото капучино со златна прашина и колачињата со златна прашина. Цената на ова кафе изнесува  околу  19- 20 евра   а на колачињата отприлика 15 – 20 ЕУР, кој од  патниците сака, може да  резервира однапред кај нас , обично одиме заедно сите патници. Во оваа целодневна тура организирана на овој начин нема можност за влез во забавниот парк на Ферари, затоа што времетраењето на забавата во истиот е долго. Во тој случај, доколку патниците сакаат да ја искусат возбудливоста на истиот, турата ќе мора да се организира со исфрлање на останатите нејзини елементи или да се организира само посета на паркот.
Враќање во хотелот во Дубаи .Ноќевање.

 

4 ден ( 03 ноември 2023)

Појадок. После појадокот факултативна посета на Sky Views Observatory ( Sky Walk) која е сместена во хотелот Address Sky View, атракцијата нуди познато искуство со стаклени лизгалки, опсерваторија со фантастичен поглед над иконскиот хоризонт на Dubai и Edge Walk (одење по ивица) за храбрите. Во попладневните часови факултативна посета на DUBAI MIRACLE GARDEN -Чудесните Градини Чудесните Градини или “ Miracle Gardens” претставуваат еден голем цветен комплекс кој наликува на познатите јапонски градини, каде од најразлични цвеќиња се изработени форми на куќи, авиони,автомобили и се што можете да замислите. Отворена е на 14 февруари 2013 година. Како и се останато во Дубаи, така и оваа градина е најголемата на светот, распространета на површина од околу 20 000 метри квадратни со преку 100 милиони расадени цвеќиња. Потоа факултативна посета на Global Village Dubai, единствено во светот, кое годишно го посетуваат повеќе од 5 милиони  посетители од целиот свет,тоа е најголемиот туристички, рекреативен, шопинг и забавен проект во светот. Прекрасен амбиент  и визуелно  доживување и препознавање на секоја држава преку уникатните градби со автентичен изглед на најпознатите градби или карактеристики од секоја држава, Франција ќе ја препознаете по изградената Ајфелова кула ,сите една до друга го составуваат мозаикот на  оваа глобална приказна   прераскажана преку  разликите , културите, автентичноста на 9о држави од светот на едно место , можите да ја искусите нивната традиционална храна  во амбиент со музика и амбиент како да сте во дотичната држава.Прекрасно  доживување ... 

 

5 ден ( 04 ноември 2023)

Појадок. Слободно претпладне.  Во попладневните часови имаме факултативна посета на Museum of The Future Dubai - музејот на иднината. Музејот на иднината е изложбен простор за иновативни и футуристички идеологии, услуги и производи. Целта на овој музеј е да промовира технолошки развој и иновации, особено во областа на роботиката и вештачката интелегенција. Лоциран во Финансискиот округ на Дубаи, Музејот на иднината има три главни елементи: зелен рид, зграда и празнина. Основана од Фондацијата за иднината на Дубаи. Владата на Обединетите Арапски Емирати го отвори музејот на 22 февруари 2022 година. Изборот на датумот беше официјално направен бидејќи 22 февруари 2022 година е палиндромски датум. Во вечерните часови имаме посета на претставата La Perle. Приказната La Perle од Dragone е подеднакво хипнотизирачка какo и самата претстава. Станува збор за млада девојка која запаѓа во состојба на сон и патува низ ОАЕ во потрага по изгубен бисер. За време на нејзиното патување, таа наидува на луѓе од сосема различни светови и култури. За разлика од другите театарски претстави, театарската претстава Ла Перле во Dubai е модерно ремек дело, приказната е субјективна за имагинацијата и разбирањето на публиката. Ја класифицира културната разновидност на ОАЕ. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

6 ден ( 05 ноември 2023)

Појадок. Можност за посета на  Zero Gravity (со доплата) , една од најфејмус плажите во Дубаи, слободно време за плажа и уживање во топлите води на персискиот залив, индивидуални активности, или можност за индивидуални или групни локални екскурзии. Во попладневните часови вечерно пустинско сафари – џип авантура, со вечера во пустината и забавна програма, (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање. Појадок. Одјавување во хотелот во Дубаи и посета на Frame Dubai – златната рамка која ги дели стариот и новиот дел на Dubai, факултативна посета  и уникатно доживување. По посетата на Frame Dubai тргнуваме за соседниот SHARJAH EMIRAT со локален водич на македонски јазик. Претходно застанување е во пазарот на урми,каде можете да купите урми од локално производство како и урми кои доаѓаат од другите Арапски земји. Пристигнување и разглед на поважните локации во Емиратот Sharjah... Поаѓање за EMIRAT RAS AL KHAIMAH . Сместување во нов хотел ,ресорт со 4- 5 * во RAK ,Hampton By Hilton Marjan Island 4- 5*на база на полупансион (доручек и вечера). Слободно време за уживање во ресортот, прекрасната плажа со бела песок , капење во топлите води , базен ... се што нуди еден ресорт со 4-5 *од ваква  класа... Вечера.Ноќевање.

 

7 ден ( 06 ноември 2023)

Појадок. Одјавување во хотелот во Дубаи и посета на Frame Dubai – златната рамка која ги дели стариот и новиот дел на Dubai, факултативна посета  и уникатно доживување. По посетата на Frame Dubai тргнуваме за соседниот SHARJAH EMIRAT со локален водич на македонски јазик. Претходно застанување е во пазарот на урми,каде можете да купите урми од локално производство како и урми кои доаѓаат од другите Арапски земји. Пристигнување и разглед на поважните локации во Емиратот Sharjah... Поаѓање за EMIRAT RAS AL KHAIMAH . Сместување во нов хотел ,ресорт со 4- 5 * во RAK ,Hampton By Hilton Marjan Island 4- 5*на база на полупансион (доручек и вечера). Слободно време за уживање во ресортот, прекрасната плажа со бела песок , капење во топлите води , базен ... се што нуди еден ресорт со 4-5 *од ваква  класа... Вечера.Ноќевање.

 

8 ден ( 07 ноември 2023)

Појадок.Слободно време за уживање на сонце,море ,плажа, базен ... време за индивидуални активности , уживање на  топлото сонце ... Вечера.Ноќевање.

 

9 ден ( 08 ноември 2023)

Појадок. Слободно време за уживање во хотелот, капење, плажа до 10 ч. Во 11 ч одјавување од хотелот и поаѓање за Дубаи ,разглед со локален водич на македонски јазик, на  стариот дел на градот од каде што започнува целата магична приказна за луксузниот уникатем космополитски град . Со посетата на  СУК ,пазарот на злато и зачини, ви го доловуваме традиционалниот начин на живот во Емиратите пред ерата на нафтата. Ќе имате можност да ги осетите мирисите на арапските пафеми, да ги вкусите ориенталните зачини и да ги наполните очите со раскошното злато од кое вештите мајстори изработоваат најразлични форми и креации. Најпознатиот, најголем златен прстен со дијаманти на светот се наоѓа овде. Потоа најголемиот светски трговски центар на светот: Dubai Mall, каде што ке имате можност да го видите, најголемиот аквариум на светот: Dubai Mall Aquarium, најголемата кула на светот: Burj Khalifa ( факултативна, влезница за качување на 124 спрат). Во овој мол се наоѓат уште : лизгалиште, мини тропска подводна зоолошка градина, преку 50 кино сали, болница, преку 2000 продавници со сите познати светски брендови, преку 200 различни ресторани и многу други занимливоси. Најпорзнатата, најдолга и импозантна Dubai Fountain, се наоѓа во овој трговски центар. Таа почнува со работа во 18:00 и завршува во 23:00. Воденото шоу се повторува секој половина час и претставува прекрасна игра на фонтаните проследено со музичка нумера. Можност за факултативна вечера во арапски ресторан. Поаѓање на групата за на аеродром околу 22:50 ч.

 

10 ден ( 09 ноември 2023)

Чекирање и лет за Истанбул во 02.40 ч, на 09 ноември, пристигнување во Истанбул во 06.35 ч.Поаѓање од Истанбул за Скопје во 07.30ч, и пристигнување во Скопје  на 09 ноември, во 07.55 ч .
 

ВКЛУЧЕНО

  • ✅ Повратен авионски билет Скопје - Истанбул - Дубаи со вклучен 30кг чекиран багаж
  • ✅ 5 ноќевања со појадок во хотел 4* во Dubai Al Barsha
  • ✅ 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел Hampton by Hilton 5* во Ras Al Khaimah
  • ✅ Трансфер – аеродром Дубаи – хотел во Дубаи со асистенција на водич на македонски јазик
  • ✅ Разглед на Дубаи , нов дел со локален водич на македонски јазик на 01 ноември
  • ✅ Трансфер – хотел во Дубаи - SHARJAH EMIRAT
  • ✅ Разглед на SHARJAH EMIRAT со локаен водич на македонски јазик
  • ✅ Трансфер - SHARJAH EMIRAT - хотел во EMIRAT RAS AL KHAIMAH
  • ✅ Разглед на EMIRAT RAS AL KHAIMAH со локаен водич на македонски јазик
  • ✅ Трансфер – хотел - EMIRAT RAS AL KHAIMAH - Дубаи
  • ✅ Разглед на Дубаи , стар дел на 08 ноември со локален водич на македонски јазик
  • ✅ Посета на Dubai Mall ,слободно време за уживање во се што нуди овај најпознат мол во светот , воденото шоу , пратење на најубавата ,најпознатата, најдолга и импозантна фонтана во светот , Dubai Fountain на 08 ноември - Трансфер – Дубаи – аеродром на 08 но
  • ✅ Претставник од агенцијата на целото патување, од Скопје до Скопје
  • ✅ Асистенција на локален водич на македонски јазик на целото патување!

НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • ❌ Патничко осигурување
  • ❌ Виза за Дубаи за иматели на македонски пасоши –цена - 95 евра ( не е потребна виза за патници кои поседуваат и други пасош покрај македонскиот, а за кои не е потребна виза )
  • ❌ Туристичката такса во хотелите (од 2- 4 евра по соба на ден)
  • ❌ Факултативни екскурзии организирани на лице место

 

Факултативни екскурзии :

- The View at the Palm - влезница  поглед на целата палма -   EUR

- Крстарење со  луксузна јахта, со вечера , пијалок ,кафе -музика, DJ, програма... ,од Dubai Marina до Atlantis the Palm и назад – 75 EUR

- ABU DHABI – целодневна екскурзија со ручек , превоз, разглед со локален водич на македонски јазик  - 95 EUR

- Museum of The Future Dubai - музејот на иднината - превоз, влезница водич на македонски јазик –   EUR

- MIRACLE GARDEN -Чудесните Градини- превоз , влезница и разгед со локален водич – 49 EUR

 - Global Village - превоз , влезница и разгед со локален водич – 35 EUR

- Sky Views Observatory ( Sky Walk) влезница со вклучено лизгање по стакло од 53 на 52 ниво - 40 EUR

- La Perle - превоз, влезница, претстава  –   105 EUR

- Пустинско сафари-џип авантура со водич ,со вечера и забавна програма-танчарки ...  60 EUR

- Burj Khalifa - влезница закачување на 124 спрат –   EUR

- Frame Dubai – превоз,влезница, водич на македонски јазик  –  40 EUR

- Патничко Ковид 19 осигурување,
- Други неспомнати услуги , влезници, индивидуални посети
- Факултативите зависат од бројот на пријавени патници и моменталните ковид  протоколи во Емиратите 

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ :
 - За ова патување пасошот мора да има важност уште минимум 6 месеци од денот на враќање
 - За имателите на македонски пасоши за визата е потребно да испратите на емаил во JPG формат скениран пасош – ( првите 2 страни ) и фотографија скенирани со висока резолуција, или да донесете фотографија во боја , големина – како за пасош , и оригинален пасош. (Во случај на странката одделението за имиграција на ОАЕ да не одобри виза од одредени причини , трошоците за виза не се рефундираат – враќаат)
За реализација на ова патување е потребно минимум 20 патници, а цената е валидна до пополнување на расположливите места во авионот, а се гарантира само со уплата на аконтацијата , чиј износ е гарантиран .

Организаторот го задржува правото на промена на програмата , редослед или активности во истата, поради одредени објективни причини.

Патувањето ќе се одвива по сите ковид 19 протоколи на авио компанијата Turkish Airlines, како и ковид протоколите на државите и емиратите низ кои се транзитира или престојува,исто така и ковид 19 протоколи на хотелите , превозниците ,превозните средства , водичите, објектите кои се посетуваат , факултативните посети и други неспомнати , и тие протоколи се подложни на промени кои агенцијата неможи да ги предвиди или промени.
 Истото важи доколку од објективни причини дојде до промена на цените на услугите кои се дел од овај аранжман, а агенцијата нема влијание на нив, како и за авио превозот важат условите на патување согласно нотата и политиката   на Turkish Airlines,исто и хотелите на сместување , условите према нивмните услови за резервација и престој.
Агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот 7 дена пред поаѓање.
 Уплатата е во денарска вредност по курс од 1 евро – 62 ден
 За резервација потребна е уплата од 60% од цената на аранжманот , остатокот најдоцна 14 дена пред поаѓање.

СЕКОЈ ПАТНИК СНОСИ СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ВАЛИДНОСТА НА ДОКУМЕНТИТЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПАТУВАЊЕ, АГЕНЦИЈАТА НЕ ОДГОВАРА ЗА НЕВАЛИДНИ ДОКУМЕНТИ НА ПАТНИК.

Сподели!

141

Leave a comment

You are commenting as guest.