Designed by Сайт города Читы

Атина - Препорака! со превоз од Охрид

Наша препорака: Атина - Нова Година со превоз од Охрид. За уплата до 15/11 попуст и гратис екскурзија за Сунион.

Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!

ath0

Програма на патувањето:

29.12.2018 (Сабота) Македонија-Атина Состанок на групата во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот од Спортска Сала Младост. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

30.12.2018 (Недела) Атина Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Сместување во хотел. Можност за мал одмор и освежување од патувањето. Заминување за панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, ПартенонЕрџтејон…) Враќање во Атина и слободно време за индивидуални активности. Заминување за Пиреа – најголемото пристаниште на Балканот како и живописното гратче Пиреа. Ноќевање.

31.12.2018 (Понеделник) Атина–Пелопонез-Епидауруис-Микена Појадок. Факултативна – еднодневна екскурзија до Пелопонез со стручен водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соеднинува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ке имате можност да се направат преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидаурус – родното место на Асклепии, бог-лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот запазен антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава. Се посетува златниот градМикена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во ГрцијаЌе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон.. Враќање во Глифада. Ноќевање2. Враќање во хотелот. Новогодишна вечера во хотелот со музика и ДЈ. (Факултативно 30 Еур)

01.01.2019 (Понеделник) Атина – Сунион – Глифада
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативно (10 еур) 0рганизирана екскурзија со посета на Сунион – најјужната точка на Атика (Посејдоновиот храм, Аполоновата обала и Глифада) Слободно време во Глифада. за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија.Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до Охрид, Прилеп и Скопје.

Цена на аранжманот: 99 Еур/6,130,00 МКД

За уплата до 15 Ноември покрај попустот,  ГРАТИС екскурзија за Сунион . 

за уплата до 30/11/2018 ……. 89 Еур/5,520,00 МКД

Деца: 2-12 години со двајца возрасни 60 Еур/3700,00

Еднокреветна соба 155 Еур. Трето лице на додатен лежај 86 Еур. Сопствен превоз -30 Еур од цената.

Во цената се вклучени следниве услуги:

-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел 3* (Хотел Лондон – Глифада). Одличен хотел на најубавиот дел од Атина- Глифада, на сама плажа.. Организирана новогодишна вечера во хотелот со прекрасен амбиент, одлична храна на база шведска маса, како и наша музика.
-Организиран разглед на градот со локален водич
-Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

-Свечена Вечера во хотелот со пригодно мени и музика 30 Еур
-Целодневна екскурзија до Пелопонез (25 Еур со превоз и водич)
-Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур);
Микена (8 еур) и Епидаурус (6 еур)
-Екскурзија Сунион-Аполонов Храм 10 Еур (ГРАТИС за уплата до 15/11/2018)
-Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
-Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.Важат Општите услови за патување на СКТМ

Сподели!

77

Leave a comment

You are commenting as guest.