Designed by Сайт города Читы

БЕЛГРАД – НОВИ САД 20.10.2023 - 22.10.2023

1 Ден 20.10.2023  Битола  Белград:
Состанок на групата во 03:00 на Спортска Сала во Битола. Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови, сместување во хотел. Следува разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт)..По разгледот е предвидено факултативно крстарење по реките Сава и Дунав и запознавање на градот од поинаков агол. Во вечерните часови е предвидено факултативна посета на некоја од Белградските кафани каде ќе го запознаеме надалеку познатиот Белградски ноќен живот. Ноќевање.
 
2 Ден 21.10.2023 Белград – Нови Сад:
Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина…Во попладневните часови – враќање во Белград. Во вечерните часови можност за факултативна вечера во некоја од Белградските кафани на Скадарлија.Ноќевање.

3 Ден 22.10.2023 Белград –Битола:
Појадок. Напуштање на Хотел. Се упатуваме во новоотворениот трговски центар Галерија, кој се наоѓа на новата атракција во градот позната како Београд на води. Слободно време. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.

 

Промо цена: 6600 мкд (за резервации до 20.09.2023)
Редовна цена: 7600 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
·         Две ноќевања во хотел со појадок во Белград.
·         Автобуски превоз со високо туристички автобуси
·         Пратител на групата за времетраење на аранжманот
·         Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
·         Задолжително патничко-здравствено осигурување
·         Туристичка такса од 1.5 евро
·         Факултативно крстарење по Сава и Дунав 25 евра
·         Факултативна посета на Нови Сад 25 евра
·         Вечера на Скадарлија 20 евра
·         Разглед на Белград 10 евра
·         Индивидуални трошоци.
 
Факултативни излети
 
Крстарење по Сава и Дунав ЦЕНА: 25 ЕВРА
 
 
Запознајте го Белград на поинаков начин. Разглед на Белград од реките Сава и Дунав:  Вливот на Сава во Дунав, Големиот воен остров, Калемегданскиот парк и београдската тврдина, Кулата Небојша. Дорчол, Соборната црква, Београдските мостови на Сава.
 
Посета на Нови Сад  Цена: 25 ЕВРА
Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина…


Вечера на Скадарлија Цена: 20 евра
Улицата е долга околу 500 метри и се наоѓа во најстрогиот центар на Белград. Скадарлија била слабо осветлена, поплочена со калдрма кој бил обичај за турската империја и тој обичај е задржан до ден денес. Скадарлија е место кое денес е посетено од страна на секој турист кој иде во овој град. На оваа улица се наоѓаат прочуените кафани Три Шешира, Два Јелена, Има дана... Во Скадарлија едно време живеел и познатиот сликат Момо Капор. Ова е одлична прилика да го запознаете Белград на вистински начин.
Разглед на Белград Цена: 10 евра
 Запознајте го Белград на поинаков начин. Разглед на Белград со придружба на локален водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт).

 

Сподели!

223

Leave a comment

You are commenting as guest.