Designed by Сайт города Читы

Промо! Босна 23-ти Октомври

Посетете ја Босна за 23-ти Октомври

Прв ден (21.10.2021)- Четврток
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

Втор ден (22.10.2021)- Петок
Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.

По посетата на Вишеград, автобусот продолжува со возење до Сараево каде групата се сместува во хотел. Во хотелот во Сараево групата одмара од патувањето, а по паузата во програмата е предвидено да се посети „Тунел Спаса“. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. Патниците кои нема да се одлучат за факултативата, остануваат во хотел и во договореното време заедно со останатите кои ќе ја искористат факултативата продолжуваат во разглед на Сараево. Во Сараево следува разглед на градот со локален водич а по разгледот групата има слбодно време за индивудуални прошетки, по што во договореното време се враќа во хотелот. Денот завршува со ноќевање  во хотелот.

Трет ден (23.10.2021)- Сабота
Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излет. Во нашата програма за третиот ден се предвидени факултативни излети.

Првото место за посета е “Бункерот на Тито„ во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Екскурзијата продолжува кон Јабланица која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Денот го завршуваме со посета на преубавиот Мостар. Се посетуват стариот мост каде можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.
По исцрпната тура, групата се враќа во Сараево, доколку има интерес може да се организира дружба или ноќно излегување. Денот завршува со ноќевање во хотелот.

Четврти ден (24.10.2021)- Недела
Четвртиот и последниот ден започнува со појадок во хотелот, по што следува одјавување од истиот и заминување кон граница. Првата пауза ќе ја направиме во Дрвенград (Србија) едно доста интересно и филмско градче во кое верувајте ќе уживате. Слободно време за ручек и продолжување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 25.10.2021

 

Термин: 21.10 – 24.10.2021


Цена: 99 евра од лице
Промо цена: 89 евра од лице до 10.10.2021

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз
- 2 ноќевања со доручек во хотел со 3*
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Дрвенград
- Посета на Вишеград

Во цената на аранжманот не е вклучено
:
- Патничко осигурување
- Босански пакет (Тунел спас, Титовиот бункер, Јабланица и Мостар)- 45 евра од лице
- Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ при самата уплата на аранжманот. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.
- Туристичка такса 2 евра од лице (за две ноќевања од ден) задолжително се плаќа во автобус
- Крстарење по Дрина во Вишеград- 5 евра од лице
- Доколку патувате сам/а се доплаќа плус 30 евра за сингл соба
- Пцр или рапид тест за влез во Босна и Македонија доколку не сте вакцинирани

 

Важно:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест

  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

  • Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.

  • Патниците кои влегуват во Босна со тест за враќање сами си го плаќат тестот кој би бил од 10-15 евра од лице.



 

 

Сподели!

43

Leave a comment

You are commenting as guest.