Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА 07.11.2023 - 11.11.2023

ПРОМО! ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА 07.11.2023 - 11.11.2023

ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА 07-11 НОЕМВРИ

1 ден – Четврток 06-07/11

Состанок на групата пред хотел Холидеј Ин на 06/11 во 22.00 часот.

Трансфер со модерен автобус/минибус до аеродромот во Софија. 

Утрински лет за Тел Авив во 06.00. Пристигнување во Тел Авив во 08:30

  • Градот Назарет, во кој живееше Господ Исус Христос до својата 30та година, колевката на “ Словото кое се воплоти”
  • Црква во чест на Архангел Гаврил при изворот на Дева Марија каде ја прими Благата вест. Од овој извор и Самиот наш Господ Исус Христос додека живеел во Назарет полнел и пиел вода. 
  • Храмот на Благовештението над домот каде што живеело семејството
  • Посета на црковна сувенирница 
  • Кана Галилејска каде Исус го направил првото чудо, на свадбата на Симон Пилот водата ја претвора во вино
  • Галилејско Езеро со факултативна можност за крстарење и ручек автохтоната риба Петровка

Околу 19 часот сместување  во хотел.

2 ден – Петок 08/11

После доручек во 7 часот тргнуваме за

  • Ерихон, најстариот град на светот
  • Со жичара се оди до Манастирот на искушението, каде Исус ја имал средбата со ѓаволот и каде 40 дена се молел и постел
  • Дрвото на Закхеј   
  • Симболично потопување во светите води на реката Јордан
  • Ручек (факултативна опција да се посети локален ресторан)
  • Посета на мини фабрика за урми по набавни цени
  • Бањски туризам на Мртво Море со посета на организирана плажа каде има наоѓалиште на лековита кал 
  • Местото на Мојсеј денес одржувано од бедуини

Околу 20 часот враќање во хотел

3 ден – Сабота 09/11

После доручек во 7 часот заминуваме во целодневна посета н

  • Светата гора Еленои каде Господ Исус Христос беседел со апостолите и го оплакувал Ерусалим
  • Маслиновата Гора и посета на Православниот Руски Свето-Вознесенски манастир “ Стапалките” – местото на Христовото Воскресение
  • Гетсиманската Градина, маслиновите дрвја стари околу 2023 години, местото на гетсиманската молитва пред затворањето, судењето и крсните страдања и предавството на Јуда Искариот
  • Руски манастир во чест на Марија Магдалена со можност за поклонение пред моштите на Св. Великомаченичка кнегиња Елисавета Тедоровна, инокиња Варвара, Св. Серафим Саровски и други преподобни отци
  • Храм на Успение на Пресвета Богородица и Нејзиниот гроб, Чудотворната икона на Богородица “Ерусалимска”
  • Патот на страданието (Via Dolorosa), патот по кој одел Господ Исус Христос до Голгота
  • Храмот на Господовиот гроб (Воскресение Христово) 
  • Плочата на миропомазание и Голготата
  • Ал Акса и Златната Купола – свети места на муслиманите
  • Ѕидот на плачот – свето место на Евреите

Околу 20 часот враќање во хотел.

4 ден – Недела 10/11

После доручекот  одиме во посета на 

  • Храмот на Христовото раѓање во Витлеем
  • Витлеем – “Градот на Царот” и “Дом на Лебот”
  • Млечната пештера – исцелително место 

Околу пладне заминуваме во посета на космополитскиот град Тел Авив и стариот град Јафа, некогаш управуван од фалангата на Александар Македонски.

  • Јафа (древна Јопија), тука апостолот Петар ја воскреснал младата девојка Тавита, се смета дека тука Ное го изградил бродот (арката) и пророкот Јона оттука тргнал на пат
  • Најубавиот видиковец со поглед на песочните плажи
  • Мостот на желбите
  • Уметничкиот перформанс “Окованиот Портокал”
  • Слободно попладне за уживање и прошетка

Околу 20 часот враќање во хотел

5 ден – Понеделник 11/11

Летот е во 09:15 наутро, во 5 часот напуштање на хотелот

  • трансфер до аеродром во Тел Авив

Пристигнување на аеродромот во Софија во 12 часот. 

Пристигнувањето во Скопје во попладневните часови.

Цена на аранжманот: 590 евра

Цената може да се промени во наредните неколку недели поради промена на цените на авионските карти.

 

Во цената на аранжманот е вклучено: 

  • повратен авионски билет Софија – Тел Авив – Софија
  • аеродромски такси
  • трансфер од/до аеродромот во Софиjа
  • 5 дена/4 ноќевања на база на ноќевање и доручек и вечера(шведска маса) во хотел со 3 ѕвезди по локална категоризација
  • сите трансфери и посети според програмата
  • стручен водич и организација на патувањето
  • Багаж – една мала торба со димензии 40см х 30см х 20см

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Задолжителен дел – Типс за возачи – 50е.

Факултативен дел

  • Екскурзија број 1 – Возење со жичара, ручек во локален ресторан и влезница на организирана плата на Мртво Море – 80е.
  • Екскурзија број 2 – Возење по Галилејско Море, ручек во Рубен ресторан на сама плажа – 80е.
  • Грамота издадена од Ерусалимска Патријаршија и Одежда за влез во реката Јордан – 40е.
  • Патничко и здравствено осигурување      Цени од информативен карактер:
    • Влезница за црквата на Исусовото вознесување – 2е.
    • Мало шише ладна вода во автобус – 1е.
    • Осветени Икони – 3е.
    • Вино од Кана Галилејска – 2 мали шишиња – 9е.
    • Лековита кал или сол од Мртво Море – 3 големи пакувања – 10е.
    • Јерихонски Урми – 1 кгр. – 5е./7е.

     

     

    ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:

    • Во случај на помал број од 15 пријавени патници, агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
    • Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
    • Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување, патниците го вршат првиот ден по пристигувањето во долари или евра.
    • Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши временски услови).
    • Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да гарантира.
    • Категоризацијата на хотелите е врз основ на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ИНО партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
    • Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги доделува клучевите од собите.
    • Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплатата за истите.
    • Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14 часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот.
    • Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот
    • Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го делат со родителите.
    • Агенцијата не сноси одговорност и неможе да влијае доколку некој од патниците биде задржан или вратен од царинските или полициски служби или имигранционото биро на аеродромот при влез во Израел.
    • Во случај ако некој патник биде вратен од безбедностните служби на израелскиот аеродром, уплатените средства не се враќаат од причина што сите услуги и трошоци според програмата однапред се плаќаат.
    • Израелските служби на аеродром имаат право да повикаат некој од патниците на разговор по нивен случаен избор.
    • Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!

Сподели!

81

Leave a comment

You are commenting as guest.