Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! КРАЛСТВОТО ЈОРДАН 27.11.2023 – 02.12.2023

ПРОМО! КРАЛСТВОТО ЈОРДАН - 27 Ноември – 02 Декември

К Р А Л С Т В О Т О    Ј О Р Д А Н   –  едно реално враќање кон минатото и присоединување со пустината

Да ја доживееме арапската приказна во Јордан! Дестинација, која е перфектна за одмор, но и за откривање на нови магични места!

ТЕРМИНИ: 27 Ноември – 02 Декември

ЦЕНА: 7 5 0 евра

Цената е променлива зависно од покачувањето на цените на авионските билети.

Цената вклучува:

  • Авионска карта со вклучени авио такси
  • Рачен Багаж со димензии 40x20x25;
  • Трансфери со комфорен климатизиран автобус за време на целото патување;
  • 3 ноќевања во Акаба на база доручек и вечера во Хотел со 4*
  • 1 ноќевање во Вади Рум – на база доручек и вечера
  • Посета на древниот град Петра – едно од 7-те чуда на светот;
  • Прошетка и средба со бедуините во Вади Рум;
  • Лиценциран туристички пратител на патувањето од Македонија и локален водич на српски јазик

Цената не вклучува:

  • Задолжителен дел: 40 евра за целиот престој по човек;
  • Влезница за ПЕТРА, ручек и водич 80 евра
  • Јорданска Виза се вади на аеродром;
  • Лични расходи;

Програма

ДЕН 1 

Слетуваме на аеродромот во Акаба во претпладневните часови.

По сместување во хотел започнуваме со прошетка низ Акаба. Овој антички град се наоѓа на брегот на Црвеното Море, односно на најсеверната точка на истоимениот залив. Прво ќе ја посетиме ексклузивната резиденцијална и туристичка зона на Исла со Кралската Марина, а потоа ќе одиме во центарот на Акаба во обиколка на огромниот јарбол 136 метри висок со знамето на арапското востание. Во Акаба има остатоци од некогаш импозантна тврдина, а ќе ја видиме и прекрасната џамија на Шариф Хусеин бин Али.

Слободно попладне во Акаба.

Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2

Доручек.

Заминуваме во целодневна посета на древниот град Петра – едно од седумте чуда на светот кој е под заштита на УНЕСКО. Стар град со неговите извајани во скали – гробници, храмови, олтари и улици исполнети со колонади.

Спектакуларниот град ПЕТРА, е антички главен град на Набатејската империја, врежан во карпа пред повеќе од 2.000 години. Од туристичкиот центар до Петра и влезот во најдраматичниот природен премин во светот – Сики, ќе видиме низа гробници на Набатеите. Преку тесниот премин на Сик, долг околу 1,2 км, стигнуваме до познатата Ризница – Ал Казна. Ризницата е секако најпознатата зграда во Петра и многумина ја идентификуваат со целиот комплекс. Над Ризницата има неколку гледишта од кои можете да уживате во нереален поглед на зградата врежана во карпа. Правиме пауза од најмалку еден час пред да продолжиме со пешачењето до величествените кралски гробници во карпата, улицата на колонадите, театарот, големиот храм. Таму завршува организираниот дел од програмата и останува слободно време со препорака да се продолжи по стрмната патека со безброј скалила кои водат до античкиот манастир, кој покрај Ризницата е најголемата атракција на Петра.

Вечера. Ноќевање во Акаба.

ДЕН 3

Доручек.

Заминуваме за пустината Вади Рум на двочасовно патување со џип во Јорданската пустина! Wadi Rum е опишан од мештаните како „Долина на месечината“.

Потоа следува двочасовно возење со џип и разгледување на Вади Рум. Ве очекува возбудливо возење со џип за време на кое ќе ја запознаете една од најубавите и најпознатите долини во Јордан, возењето трае 2 часа. За време на оваа екскурзија ќе видиме тесни клисури, стрмни карпи, природни сводови, пустинска вегетација…

Ќе видите антички петроглифи – цртежи на карпи од времето на Набатејците. Во оваа пустина се снимени филмовите Лоренс од Арабија, Индијана Џонс и Марсовецот. Ќе се напиеме арапски чај во бедуинскиот камп, а потоа ќе продолжите да ја истражувате долината, ќе можете да се искачите и спуштите по прекрасните песочни дини и исто така ќе имате можност да се искачите на одредени камени ридови и да ја погледнете долината.

Авантурата ја завршуваме во „Sunset Valley“ од каде ќе гледаме фантастично зајдисонце.

Традиционална бедуинска вечера и уживање во неверојатното ѕвездено небо над пустината.

Ноќевање во Вади Рум.

ДЕН 4

Доручек. Заминуваме во посета на главниот град на кралството Јордан.

Разглед на Аман, импозантната Цитадела (Џабал ал-Кала), која се издига на највисоката точка на градот (850м), област за која се верува дека била постојано населена повеќе од 7000 години.

Најстарите сочувани градби потекнуваат од римскиот период, а најголем е Храмот на Херкул од 166 година, масивна градба која ги надминува сите римски храмови од таа ера. Во Цитаделата е сместен Археолошкиот музеј, а целиот комплекс е опкружен со ѕидови долги 1700 метри. Обиколка на џамијата на кралот Абдула I, најголемата џамија во Јордан и единствената од каде говорот на Хоџа се емитува во целото Кралство во петок.

Го продолжуваме нашето патување до Џераш, најстариот грчко-римски град на Блискиот Исток, кој се наоѓа на 50 километри од Аман.

Прошетка низ голем археолошки локалитет со амфитеатар, колонади, антички театар, плоштади со фонтани, јавни бањи и познатата Адријанова порта.

Ноќевање во Акаба.

ДЕН 5

Доручек. Трансфер до аеродромот Крал Хусеин во Акаба.

Сподели!

128

Leave a comment

You are commenting as guest.