МАНАСТИР ТУМАНЕ И СРЕБРЕНО ЕЗЕРО 29.09.2023 - 01.10.2023
1 ден 29.09.2023 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА
Состанок на групата на договорено место и поаѓање во 22:00 часот. Се патува преку граничен премин Табановце. Ноќно возење, гранични формалности и попатни паузи .
2 ден 30.09.2023 МАНАСТИР ТУМАНЕ – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО
Пристигнување во Манастирот Тумане во утринските часови. Можност за присуствување на утринската литургија, а потоа Манастирот е отворен за молитви за посетителите.
За настанувањето на Манастирот и потеклото на неговото име нема сигурни податоци , но според народните сеќавања Манастирот Тумане е изграден во 14 век како задужбина на косовскиот јунак Милош Обилиќ. Во него се чуваат светите мошти на преподобен Св. Зосим и Св. Јоаким, како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински . Во 17 век од руски монаси Манастирот ја добива чудотворната икона на Св. Богородица. Верниците во овој Манастир наоѓаат благослов и утеха преку молитвите за заздравување и исцелување.
Посета на пештерата во која живеел Св. Зосим и каде извира лековита вода од која патниците можат да си понесат за здравје.
Потоа се упатуваме кон Голубац (Голубачки град или Голубачка тврдина) средновековна тврдина споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 10 кули и две големи колски капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав.
( За оваа екскурзија е потребно најавување однапред, а влезница се плаќа на лице место ).
По посетите се поаѓа за Сребрено Езеро. Сребрено езеро е вештачко акумулациско езеро на десниот брег на реката Дунав.Се сместуваме во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, плажа. Посебен впечаток оставаат околните паркови и шуми, прекрасно уредениот простор, прекрасните викендички со посебен стил, а пред се убавината на самото езеро.
Ноќевање.
3 ден 01.10.2023 СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – НИШ – МАКЕДОНИЈА
Имаме слободно индивидуално време до пладне. Потоа се одјавуваме и трагнуваме за Македонија. Следната пауза е во Ниш каде ќе имаме слободно време за ручек, кафе, шопинг во тговски центар, прошетки... Потоа го продолжуваме патувањето, пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
3.900 денари
Цената вклучува:
- Превоз на дадената релација со туристички автобус
- 1 ноќевање во апартмани во Сребрно Језеро
- Посета на Манстирот Тумане
- Попатна посета на Ниш
- Организација и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
- Посета и влезница за Голубачка тврдина
- Патничко здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци
Напомена:
Калкулација за програмата е правена на 45 патници.
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.