Designed by Сайт города Читы

Промо! Атина 23-ти Октомври

Градот на грчката божица на мудроста Атина!

Автобус 5 дена/ 2 ноќевања со појадок

Ве водиме во посета на Атина за 11-ти Октомври. Градот кој е најголем и главен град во Грција, градот кој се смета за колевка на цивилизација и демократијата. Таа е еден од најстарите градови чија историја бележи повеќе од 3400 години. Градот кој е преполн со културно - историски знаменитости на секој чекор, а ќе ве воодушеви со богатството и историјата, а своето име го добил по грчката божица на мудроста Атина.

 

1 Ден. БИТОЛА – АТИНА 21.10.2021

Состанок на групата пред агенцијата во 19.00 часот. Заминување кон граничниот премин Меџитлија во 19.30 часот.Обавување на гранични формалности. Патувањето продолжува кон Атина преку Лариса, Ламија. Ноќно патување со попатни одмори.

 

2 Ден. АТИНА 22.10.2021

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера со фолклорна програма. Ноќевање.

 

3 Ден. АТИНА – КОРИНТ- ЕПИДАУРУС- МИКЕНА 23.10.2021

Појадок. По појадокот еднодневен излет до Пелопонез и областа Арголида: Посета на Коринтскиот канал (канал кој ги спојува Егејското и Јонското море), потоа посета на најакустичниот антички амифитеатар во Епидаурус. Посета на фабриката за рачна изработка на керамика и сувенири. Патувањето продолжува кон Микена, престолнината на Микенскиот владетел Агамемнон. Враќање во Атина. Во вечерните часови посета на најпознатиот кварт во Атина- Плака (под Акропол) со вечера и забавно музичка програма со бузуки и фоклор. (Факултативно). Ноќевање.

 

4 Ден. АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-БИТОЛА 24.10.2021

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон . ( Факултативно). По посетата, патувањето продолжува кон Битола, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Патување со попатни паузи.

 

5 Ден. БИТОЛА 25.10.2021

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 119 ЕУР

 


Во цената на аранжманот Е вклучено:

✓ Автобуски превоз на дадената релација според програмата

✓ 2 ноќевња со појадок во хотел со 4*

✓ Панорамски разглед на Атина со професионален водич.

✓ Организација, водство и реализација на аранжманот

✓ Водич - пратител за цело време на патувањето

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

 Патничко – здраствено осигурување: 250,оо мкд

 Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции

 Грчка вечер со фолклор и музика ( 35 €)

 Факултативна посета на Пелопонез ( 30 €)

 Посета на Пиреја и Сунион ( 15 €)

 Доплата за еднокреветна соба 2500,оо денари

 Останати неспоменати услуги

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ: Истите се уплаќаат за време на патувањето:


НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

 Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.

За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.

За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.

Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници

Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.

Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

За патувањето важат општите услови на патување

ЗА ПАТУВАЊЕТО Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ, или целосно вакцинирани, или брз антигенски тест.

Сподели!

24

Leave a comment

You are commenting as guest.