Designed by Сайт города Читы

Промо! Белград 23-ти Октомври (превоз од Охрид)

Белград 23-ти Октомври (превоз од Охрид)

22 Октомври (петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата во 22.00ч и заминуавње за Србија, преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности.

23 Октомври (сабота)      БЕЛГРАД
Пристигнување во Белград во утринските часови, средба со локален водич разглед на градот: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Сместување во хотел. Попладнето слободно време за прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова и Калемегдан, Скадарлија. Слободно време. Попладнето можност за факултативно крстарење по Дунав.   Ноќевање.

24 Октомври (недела)       БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. Ден за факултативни посети или слободни активности. Во пладневните часови факултативен излет до Нови Сад – разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина… Враќање во Белград можност за вечера на Скадарлија. Ноќевање

25 Октомври (понеделник)     БЕЛГРАД – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Посета на Београд под земја  – Калемегдан,  Караџорџева Капија, Бункаерот на инфобирото од 1948, Римскиот тунел, винскиот магацин… По завршување на турата. Слободно време или опција за организиран ручек на Скадарлија. Заминуцвање за Македонија во попладневните часови.

 

ЦЕНА – 80 евра
  

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз на дадената релација

  • Сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок

  • Посета на Белград под земја со локален стручен водич

  • Разгледување на Белград со локален водич

  • Организација и водство на групата со лиценциран придружник

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Целодневна посета, разглед на Нови Сад со водич, со посета на шопинг центар во Инџија – 25 евра

  •  Крстарење по Сава и Дунав – 15 евра

  • Факултативна тура Тајните на подземен  Белград  – 20 евра (влезница, водич и дегустација на вино)

  • Влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

Напомени: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


–          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
–          За ова патување влезот во Р.Србија – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.


 

 

Сподели!

18

Leave a comment

You are commenting as guest.