ПРОМО!!! ЕГИНА - СВ. НЕКТАРИЈ & АТИНА 06.10.2023 - 08.10.2023
ПРОМО!!! ЕГИНА - СВ. НЕКТАРИЈ & АТИНА 06.10.2023 - 08.10.2023
ЕГИНА - СВ. НЕКТАРИЈ & АТИНА
06.10.2023-08.10.2023
1 ден ( 06.10.2023) БИТОЛА – ПИРЕА
Состанок на групата и поаѓање од Битола во 20:00 часот. После граничните формалности патувањето го продолжуваме према Атина и пристаништето Пиреа , ноќно возење и попатни паузи.
2 ден ( 07.10.2023 ) ПИРЕА - ЕГИНА
Пристигнување во Пиреа во утринските часови. Мал одмор и слободно време. Со брод продолжуваме кон островот Егина. По пристигнувањето се сместуваме и разгледаме Манастирот Св. Нектариј. Слободно индивидуално време. Ноќевање во конаците на Манастирот.
3 ден ( 08.10.2023 ) ЕГИНА – АТИНА – МАКЕДОНИЈА
Утрото слободно време. Во претпладневните часови го напуштаме Манастирот. Се упатуваме кон пристаништето и со брод кон Пиреа. Патувањето го продолжуваме кон Атина, панорамски разглед на плоштадите Омониа и Синтагма. Слободно време за индивидуален разглед. Во поладневните часови поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Крај на програмата.
ЦЕНА: 6.600 денари
Цената вклучува:
Превоз на дадената релација со автобус и брод
Едно ноќевање во Манастирот Св. Нектариј
Попатна посета на Атина, и проштадите Омониа и Синтагма
Организација и водство на аранжманот
Цената не вклучува:
Патничко-здравствено осигурување
Неспоманти услуги
Напомена:
За ноќевањето во Манастирот треба да се носат 2 чаршафи и навлака за перница.
Пожелно е да се понеси нешто за јадење и пиење.
При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.