ПРОМО! ИСТАНБУЛ 3 НОЌИ 10.10.2023 - 15.10.2023
ПРОМО! ИСТАНБУЛ 11 ОКТОМВРИ 3 НОЌИ 10.10-15.10
ИСТАНБУЛ 11 ОКТОМВРИ - 3 НОЌИ
10.10-15.10
1 ден 10.10.2023 МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА
Поаѓање во 17 часот . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи...
2 ден - 11.10.2023 ИСТАНБУЛ
Планирано е пристигнување во Истанбул во претпладневните часови.Започнуваме со разглед на Истанбул: со локален водич започнуваме со посета на областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори. Потоа одиме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . По кратка пауза, со локалниот водич продолжуваме на пешачка тура: посета на познатата џамија Сулејмание- изградена во чест на Султан Сулејман, каде се наоѓаат и тубињата ( гробниците) на Султанот и Хурем Султан. Од видиковецот се простира прекрасен поглед на Истанбул. Потоа одиме кон најпознатиот затворен пазар Капали Чаршија. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме на посета на големата Подземна Цистерна Базилика Јеребатан ( Yerebatan Saray) или Подземен Дворец, со питка вода изградена уште во времето на Императорот Јустинијан, на длабочина од 12 м. Денес претставува музеј. Пред враќање во хотелот постои можност за посета на продавница за кожа, и парфимерија ( прва копија на оригиналите по многу поволни цени).
Ноќевање.
3 ден 12.10.2023 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот се упатуваме кон позната продавница за баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени. Со локален водич се упатуваме на незаборавно Крстарење по Босфор - да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. По завршуваме на крстарењето се упатуваме кон познатиот Египетски пазар - Мисир чаршија, за да може да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот. Можност за шопинг, да се испие најубавото турско кафе или да се ужива во познати турски специјалитети. Продолжуваме кон познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир , слатки вафли, кафетерии и сувенирници. Потоа продолжуваме кон Галата Порт – луксузна променада и пристаниште од каде тргнуваат крузерите, место што претставува живот од туризам до култура и уметност, ресторани, шопинг и забава...
Во договорено време враќање во хотелот.
Вечерта факултативна посета на национален ресторан со трбушен танц и разни турски специјалитети. Ноќевање.
4 ден 13.10.2023 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот се упатуваме факултативно на излет со брод до Принцевите Острови, прекрасно доживување на местото каде живеат и одмараат богатите жители на Истанбул. Низ островот движењето е со еко автобуси. Изобилува со прекрасни кафетерии, слаткарници и ресторани... Слободно време. Се враќаме во Истанбул во договореното време и продолжуваме кон Азискиот дел каде ќе ја посетиме областа Кадикој - позната по малите тесни улички полни со продавници, ресторани, кафетерии. Ќе го видиме и Бикот кој што е симбол на оваа област, бил изработен во Англија и донесен и поставен во 1860 година во чест на 31-виот Султан Абдул Меџит кој што ја изградил Палатата Долма Бахче. Слободно време за индивидуален разглед. Продолжуваме со посета на трговскиот шопинг центар Water Garden , со огромни фонтани, обоени во многу светла кои изведуваат танц со оган. Во вечерните часови се враќаме во хотелот. Ноќевање.
5 ден 14.10.2023 ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог - почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада ... Слободно време. Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Ќе имате можност за индивидуална посета на Големиот Аквариум “Turkuazoo”. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
6 ден 15.10.2023 МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕУР
ОБЕЗБЕДЕН ТРАНСФЕР ОД СТРУГА, ОХРИД
Цената вклучува:
- превоз со автобус на дадената релација
- сместување во Хотел 3*, во област Лалели/ 3 ноќ./ појадок
- посета на шопинг центар Форум, Декатлон и Икеа
- Посета на познатата дџамија Сулејмание
- Посета на Капачи Чаршија
- професионален туристички пратител за време на целото патување
Цената не вклучува:
- задолжително: туристичка такса, пешачка тура Сулејмание и Капали Чаршија, Балат и Патријаршија, Мисир Чаршија, Ортакој и Галата Порт - 15 еур
- факултативна посета на Пјер Лоти - 10 еур
- факултативно Крстарење по Босфор - 15 еур
- факултативно посета на Цистерната – влезница и водич – 15 еур
- Принцеви Острови – трансфер, брод во 2 правци, водич – 20 еур
- Кадикој и Water Garden – трансфер и водич – 10 еур
- индивидуална посета на Аквариум - ??? еур ( цената е променлива)
- доплата за еднокреветне соба - 3.600 ден.
НАПОМЕНА:
Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање
Факултативните излети може да претрпат промена во редоследот на деновите.