Designed by Сайт города Читы

Промо! Истанбул 23-ти Октомври (превоз од Охрид)

Истанбул 23-ти Октомври (превоз од Охрид)

21.10.2021 (Четврток) Битола - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на Спортска Сала, во 16:15 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење.


22.10.2021 (Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Доколку има можност сместување во хотелот или панорамски разглед на градот со локален водич: Римскиот аквадукт, Патријаршијата, Долма Бахче, Чамлиџе. Сместување на групата во хотелот. Посета на Капали чаршија, Хиподром, Сулејмание, Сина Џамија, Аја Софија. Ноќевање.

23.10.2021 (Сабота) ИСТАНБУЛ

Појадок. Предлагаме факултативна посета на еден од Принцевите Острови – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. После тоа посета на областа Левент со факултативна посета Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција. Посета на Таксим. Ноќевање.
 
24.10.2021 (Недела) ИСТАНБУЛ - Битола

Појадок. Факултативно крстарење по Босфор. Потоа посета на Мисир чаршија. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .
 

 

Цена на аранжманот 4.900 денари (79 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
• Посета на Аја Софија
• Посета на Сина Џамија
• Посета на Forum, Dechatlon I Ikea
• Панорамски разглед на Истанбул
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
• Крстарење со брод по Босфор 15 евра
• Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
•Посета на Принцеви Острови 20 евра

• Доплата за 1/1 соба 30 % од вредноста на аранжманот
• Задолжително КОВИД патничко – здравствено осигурување
Напомени: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
 • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на одделни програми
 

 

 

Сподели!

20

Leave a comment

You are commenting as guest.