Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! ИТАЛИЈА (07.12.2023-11.12.2023)

ПРОМО! ИТАЛИЈА 07.12.2023 - 11.12.2023

ПРВ ДЕН (07.12.2023) Четврток

Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

 
ВТОР ДЕН (08.12.2023) Петок

Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар PALMANOVA (околу 3 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати брендови. Шопинг центарот е уникатен, изграден така што додека се движите низ него, се чувствувате како да сте во италијански град од времето на ренесансата. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

 
ТРЕТ ДЕН (09.12.2023) Сабота

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

 
ЧЕТВРТИ ДЕН (10.12.2023) Недела

По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.

 
ПЕТТИ ДЕН (11.12.2023) Понеделник

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 139 евра

 

Што е вклучено во цената

  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз од Скопје
  • Посета на Трст и PALMANOVA Outlet центарот
  • Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25е
  • Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Важно

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Доплата за еднокреветна соба 40 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра
  • Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10 еур по лице
  • Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5 еур по лице
    Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на иСКТМ

Сподели!

149

Leave a comment

You are commenting as guest.