Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! КРФ - 3 НОЌИ 20.09.2023 - 24.09.2023

ПРОМО! МАГИЧНИОТ КРФ - 3 НОЌИ  20.09 - 24.09

К Р Ф - 3 НОЌИ

20.09 - 24.09


1 ден: 20.09.2023 МАКЕДОНИЈА - ИГУМЕНИЦА - КРФ
Поаѓање во 00:00 часот. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.

 

2 ден: 21.09.2023 ИГУМЕНИЦА - КРФ
Пристигнување Игуменица во раните утринските часови. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во предпладневните часови. Сместување во студија и апартмани во Мораитика. Слободно време за индивидуални активности . Ноќевање...

 

3 ден: 22.03.2023 КРФ
Слободно претпладне. Во попладневните часови Факултативно, се упатуваме кон брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата Панагиа Влахерна и полетувањето и слетувањето на авионите . Можност за кафе, ручек... потоа посета на главниот град Крф, Црквата посветена на Св. Спиридон заштитникот на островот, прошетка низ тесните улички преполни со кафетерии, сувенирници, бутици... Во договореното време се враќаме во Мораитика. Ноќевање

 

4 ден: 23.09.2023 КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА - ПЛАЖА ГЛИФАДА
Можност за факултативен излет до Палеокастрица, живописно место со преубава плажа на северниот дел од островот. Најпрво попатно се посетува фабриката Мавроматис за пијалоци и слатко од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време.Потоа се упатуваме во заливот Палеокастрица, каде може да се одморите на плажа, или да ручате во некое од прекрасните рибни ресторанчиња покрај море или да се посети Црквата посветена на Пресвета Богородица. Во договорено време се упатуваме кон плажата Глифада, која е симбол на островот со прекрасе поглед кон отворено море. Можност да се ужива на плажа. Во попладневните часови враќање во Мораитика. Ноќевање.

 

5 ден 24.09.2023 КРФ - ЈАНИНА - МАКЕДОНИЈА
Се одјавуваме од апартманите и во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменица,а потоа продолжување со автобус за Македонија, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА: 6.600 денари

 

Цената вклучува:
- Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма
- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица
- 3 ноќевања во студија и апартмани во Мораитика
- Организација, подготовка и водство на аранжманот

Цената не вклучува:
-Туристичка такса – 3 еур
-Целодневна екскурзија до фабриката Мавроматис за производи од кум-куат, заливот Палеокастрица и плажата Глифада – 15еур
-Посета на главниот град Крф и Брдото Канони – 5 евра

Сподели!

152

Leave a comment

You are commenting as guest.