Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! ВИЕНА (07.12.2023 - 11.12.2023)

ПРОМО! ВИЕНА 07.12.2023 - 11.12.2023 

Виена 

Виена, царски град и една од најстарите метрополи во Европа, беше главен град на Австриското Царство и Австроунгарската монархија, кога и го достигнува својот зенит кон крајот на 19.век…омилена дестинација на милиони туристи од целиот свет, најповеќе благодарејќи на многубројните културно-историски споменици, палати и разновидната културна понуда. Виена е и музичка светска престолнина, во која живееле и твореле најпознатите композитори : Хајдн, Моцарт, Бетовен…меѓу многубројните атракции посебно место завземаат Виенската Опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св.Стефан, забавниот парк Пратер. Виена неколку години наназад е гласана за град со најдобар квалитет на живеење.

 

1 ден  07.12.2023 Скопје – Виена
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор,  царински формалности.

2 ден 08.12.2023  Шопинг центар Parndorf – Виена
Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… По пристигнување во Виена почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  09.12.2023 Шенбрун – Братислава
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во пладневните часови, можност за излет до Братислава. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден  10.12.2023 Виена – Скопје
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во вечерните  часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  11.12.2023 Скопје
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 199 €/ 12.340 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено
Превоз со високотуристички автобус
Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) 2 нокевање/појадок
Посета на шопинг центар Парндорф
Професионален туристички придружник
Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Разглед на Виена со локален водич  15€
Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич)  50€
Излет Братислава( превоз, разглед со локален водич) 30€
Дунавска Кула (превоз + влезница)  25€
Задолжително патничко осигурување 175 ден
Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден
Туристичка такса 2€ по лице на ден
Доплата за избор на седиште во автобус  10 евра

 

 

Услови 

– Плаќање – Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непредвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ  Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

Сподели!

174

Leave a comment

You are commenting as guest.