Designed by Сайт города Читы

Римини (Сан Марино, Болоња, Фиренца) - автобус- 23/06-02/07/2018 Промо

Нешто Ново. Наша препорака: Лето 2018 - Римини - Италија. Термин 23/06-02/07/2018. Во близина на: Сан Марино, Венеција, Болоња, Фиренца. Цена 399 еур со вклучен автобуски превоз, 7 полупансиони (појадок и вечера), разглед на Болоња...

 

(Сан Марино, Болоња, Фиренца) 

Римини – едно од најголемите и најпознати летни туристички летувалишта во Италија, со долги песочни плажи (15 км), многу ресторани, барови, водени паркови. Најблиску до Римини се наоѓа најмалата и најстара Република во Европа – Сан Марино, што Римини го прави уште поатрактивен за туристите.

23.06.18 Поаѓање во 10 ч со автобус преку Белград, Загреб, Љублана, со попатни паузи

24.06.18 Пристигнување во Италија во предпладневните часови и сместување во хотел во Римини. Вечера. Ноќевање.

25.06.18
 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење… Вечера. Ноќевање.

26.06.18 Појадок. Факултативен излет до Сан Марино. Вечера. Ноќевање.

27.06.
18 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење… Вечера.. Ноќевање.

28.06.18
 Појадок. Факултативен излет до Фиренца. Вечера. Ноќевање.

29.06.18
 Појадок.  Ден за индивидуални активности, капење.. Вечера. Ноќевање.

30.06.18 Појадок. Слободно време за капење. Вечера. Ноќевање.

01.07.18
 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Болоња, каде може да се видат знаменитостите на градот: Пјаца Маџоре, базилика СанПетронио, фонтаната Нептун… Продолжување, ноќно возење со попатни одмори преку Словенија, Хрватска и Србија…

02.07.18 Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

ЦЕНА: 339 еур (20950 денари),  деца од 2  14 год – 239 еур (14800 денари)

 

Во цената е пресметано:

– превоз со туристички авотбус на дадената релација
– сместување во хотел со 3 * – 7 полупансиони (појадок/вечера) во Римини ,
– попатна посета на Болоња
– лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

– здравствено осигурување без франшиза – 450 денари (650ден – годишно)
– доплата за туристичка такса 1.5 еур по лице по ден (задолжително), деца до 14 г. не плаќаат
– доплата за клима 5 еур по соба на ден (факултативно)
– факултативен излет до Сан Марино (10€)
– факултативен излет до Фиренца (30€)
– влезници за посетите на културно историските споменици и други факултативни посети

Напомена: Пријавување до 01.05.2018 година, бројот е ограничен.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и летување.

Сподели!

44

Leave a comment

You are commenting as guest. Optional login below.