САРАЕВО - МОСТАР 20.10.2023 - 24.10.2023
1 ДЕН 20.10.2023 (петок) Поаѓање за Сараево во 19:00 ч преку граничниот премин Табановце , низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
2 ДЕН 21.03.23(сабота) Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување на градот со локален водич: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН 22.10.23 (недела) Појадок. Факултативна посета на Титовиот Бункер. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на Благај и Мостот на Неретва - познат од 2 - та светска војна од Битката на Неретва и Стариот мост на Неретва во Мостар - симбол на градот. Попладнето враќање во Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.
4 ДЕН 23.10.23 (понеделник) Појадок. По појадокот – факултативна посета на Босанските Пирамиди. Потоа поаѓање за Сараево со посета на Шопинг центар. Попладнето Заминување за Вишеград каде ќе се види Мостот на Дрина изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и Андриќ Град или Камен град . Потоа продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
5 ДЕН 24.10.23 (вторник) Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ЦЕНА: 6600 ден. за резервации до 20.09.2023
Редовна цена: 7600 ден.
Во цената е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- сместување во хотел со 3* или 4* на база 2 ноќевања со појадок
- разглед на Сараево со локален водич
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко и здраствено осигурување
- факултативен излет до Мостар и Благај - 35 евра ( превоз + локален водич+влезница)
- факултативна посета на Босански Пирамиди - 25 евра ( превоз + локален водич + влезница)
- факултативна вечера во ресторан со музика (без пијалок) - 25 евра
- факултатино крстарење по Дрина - 7 евра
- влезници за културно историските споменици
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна 30€ од цената на аранжманот;
– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;
– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.