Designed by Сайт города Читы

ПРОМО! ТОСКАНА и ЛИГУРИЈА 06.10.2023 - 11.10.2023

ПРОМО! ТОСКАНА и ЛИГУРИЈА 06.10.2023 - 11.10.2023

ТОСКАНА и ЛИГУРИЈА

    ФИРЕНЦА-СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО-ПИЗА-ЧИНКВЕ ТЕРЕ-БОЛОЊА-МОНТЕКАТИНИ-ВИАРЕГИО

 

Тоскана , во минатото покриена со Тиренското море, од кое се издигнуваат Апенините, покасно морето се повлекува и, добиен е еден од најубавите пејсажи на светот.Тоскана е позната по висококвалитетен мермер,од кој Микеланќело ги прави своите статуи, а на тосканските ридови се одгледува грозје за производство на уникатното вино Кјанти (Chianti).

 

Главен центар на Тоскана е градот Фиренца,па Италијанскиот службен и стандарден јазик е јазикот на кој се говори во Тоскана. Тоскана е со големо културно наследство, па под УНЕСКО се наоѓаат: Историскиот центар на Фиренца,Сиена, Сан Џимињано,Пиза…

 

06.10.2023 Поаѓање во 15.00 часот се патува преку гр.премин Табановце, низ Србија, Хрватска, Словенија , ноќно возење со попатни паузи.

07.10.2023 Пристигнување во Болоња во пладневните часови и посета на знаменитостите на градот:симболот на градот-двете криви кули Гарисенда и Азинели, Пјаца Маџоре, базилика Сан Петронио, фонтаната Нептун…Болоња е позната како:црвена,дебела и учена. Црвена поради бојата на зградите, дебела поради неодоливите гастрономски производи (тестенините-Таљатели)  и учена поради Болоњскиот прв (1088г.) универзитет во Европа. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови.Сместување во хотел. Слободно време за прошетка во центарот на Монтекатини,тој е мал град во Тоскана, и е популарна дестинација на милион туристи годишно,познат по природни минерални извори.Ноќевање.

08.10.23 Појадок. Факултативен излет до бисерите на Тоскана:Сиена и Сан Џимињано. Сан Џимињано  -познат како град на илјада кули,како Менхетн од средниот век, тоа  е типично Тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини, градче каде е добро сочуван амбиентот од 13-ти и 14-ти век.Може да се видата:катедралата Санта Мариа Асунта на плоштадот Пјаца дел Дуомо,Градското собрание, Плоштадот Цистерна,14 камени средновековни кули (од 72-те во средниот век).Треба да се проба најдобриот сладолед во Сан Џимињано.Потоа се продолжува за Сиена, која низ историјата бил ривал на Фиренца, со богато културно наследство.Разглед на Сиена кој е под заштита на УНЕСКО, а притоа ќе се видат: Градскиот плоштад-Дел Кампо – во облик на школка, каде се одржува познатата коњска трка Палио, потоа, Градското Собрание,цркв.Сан Доминико, Фонтаната Гаиа, Сиенската Катедрала од 12 век…Вечерта враќање в хотел. Ноќевање

09.10.23 Појадок. Факултативен целодневен излет до Чинкве Тере и Пиза.Пиза е град лоциран на Тосканската ривиера,некогашна моќна поморска сила, познат најмногу по Кривата кула , која е камбанарија на катедралата Санта Марија Асунта на Пјаца Дуомо ,под заштита на УНЕСКО од 1987г.Кулата е симбол на Пиза, но и на Италија,предложена е како едно од седумте чуда на современиот свет, поради наклонот од 3.97° во однос на вертикалната оска.По посетата на Кривата кула, од Пиза заминуваме за Ла Специја (во областа Лигурија), од каде  со воз ќе се посети Чинкве Тере.

Тоа е национален Парк со 5 живописни села кои се сместени на стрмниот брег,поврзани со тесни патчиња ,и не е можно да се патува со автобус. Во Чинкве Тере живеат воглавно: рибари,лозари и овчари кои сеуште живеат на традиционален начин , изолирани од модерниот свет. 1.Риомаџоре –градче сместено во јужниот дел на Националниот парк-Чинкве Тере, познато по своите камбанарии, а ова место го краси и Антички камен дворец.Главна улица во ова село е Виа Коломбо со многу барови,ресторани,слаткарници… 2.Манарола-познато по своите пештери и подводни карпи и 3.Корниглиа-со своите 300жители е најмало од 5-те села.Манарола и Корниглиа нема да се посетат.4.Верназа,е едно од најубавите места од Чинкве Тере, затоа е најфотографирано село, има убави плажи, а вреди да се посети средновековната кула Белфорте.Потоа се продолжува со воз до 5. Монтеросо ал Маре-кое се наоѓа на ридови со лимони,винова лоза и маслинки,  сместено во природен залив,со прекрасни плажи и кристално чисто море, па ова село го прават едно од најпопуларните на ривиерата.Тоа е најголемо од тие 5 села, со 1500 ж.,има стар дел -Борго Антико, со градби од 11-ти век,зидини, и нов дел-Фегина од 19-ти век.Враќање до Ла Специа,слободно време за ручек и прошетка во стариот дел на градот, како и по прекрасниот парк покрај уреденото пристраниште. Попладнето заминување за Монтекатини , со попатна пауза во едно од најубавите летувалишта во Тоскана – Виарегио, бисер на Тосканската ривиера.Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.

10.10.23 Појадок. Поаѓање за Фиренца-која благодарение на моќната банкарска  фамилија Медичи, ја има сочувано најбогатата уметничка ризница , во која живееле и работеле Микеланџело,Леонардо,Донатело,Данте,Бокачо,Макијавели…Фиренца е град на реката Арно, познат како Лулка на Ренесансата, каде ќе се видат:мостот Понте Векио, Катедралата Дуомо, статуата на Давид,крстилницата и звоното Ѓото,Галериа Уфици,Палата Векио… Слободно време за индивидуални прошетки,ручек и шопинг.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни одмори преку Словенија, Хрватска и Србија…

11.10.2023г. Пристигнување во попладневните часови.  

          

ЦЕНА: 16900 ден.

 

Во цената е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • сместување во Монтекатини- хотел Салуш (Бертини групација) 3* ( http://www.bertinihotelgroup.it/salus_it.html ) – 3 ноќевања со појадок
  • посета и разглед на Болоња и Монтекатини
  • организација и придружник на екскурзијата

 

Во цената не е вклучено:  

  • задолжително здравствено патничко осигурување – без франшиза = 300ден (до 65 год.), 500ден (над 65 год.)
  • туристичка такса 1 еур по лице од ноќ (плаќање во хотел)
  • факултативен излет со автобус до Сиена и Сан Џимињано со лок.водич-25 еур
  • факултативен излет  до Фиренца и разгледување со лок. водич-25 еур
  • факултативен излет со автобус до Пиза,Виарегио и Ла Специа и воз до Чинкве Тере-45еу
  • влезници за културно-историските знаменитости

 Напомена: Краен рок на пријавување  до 30.09.2023 година.

Сподели!

90

Leave a comment

You are commenting as guest.