Designed by Сайт города Читы

Val Thorens 24.01 (превоз од Скопје) Промо

Скијате оваа зимска сезона на Француските Алпи. Со организиран превоз од Скопје за одредени термини. Цени од 359 еур по лице за 7 ноќевања со вклучена ски карта 6 дена...

НА СЛЕДНИОВ ЛИНК ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОНУДИТЕ И ЗА ОСТАНАТИТЕ СКИ РЕСОРТИ НА ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ

 

https://www.valthorens.com/en/

Традиционално, и оваа година скијајте во најголемиот ски центар во светот “Три Долини”. Сместувањето е во Val Thorens. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри ски обработен терен. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, со надморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година.

Традиционално, и оваа година со Нехар Травел скијајте во најголемиот ски центар во светот “Три Долини”. Сместувањето е во Val Thorens. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри ски обработен терен. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те  планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, со надморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година.   

 

FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2019!

Програма:

1 ден-петок, 24.01.2020.Скопје-Val Thorens Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 25.01.2020.Val Thorens: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден 26.01-01.02`20.Val ThorensШест дневно скијање во Val Thorens/Orelle. Ноќевање

9. ден-сабота 01.02.2020.Val Thorens-Скопје: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 02.02.2020.Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – Val Thorens – Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот  во Val Thorens
  • 6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
  • Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
  • Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
  • Доплата за 3 Долини ски пас ( 600 км стази ) изнесува 40 евра по лице. Задолжителна предрезервација и плаќање во агенција.

Напомени:

Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7-8€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

 Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 250-400€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

Студиа / Апартмани:  Residences: Eterleus, Lac du Lou, Roche blanche, Arcelle, Eskival... 

Генерален опис на  Студиата и Апартманите во Val Thorens

Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина..                                                                                                                   

СТУДИО за 2-3 лица, 20-24 м2.: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 1 единечен лежај доколку се 3 лица. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

СТУДИО за 4 лица, 24-29 м2: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревета на спрат на влезот. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда

СТУДИО со Кабина за 4 лица, 24-29 м2: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревета на спрат во кабина на влезот. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.                                                                                                                                     

АПАРТМАН со 1 спална соба, за 4 лица, 24-29 м2: Апартман со 2 простории ( дневен престој + 1 спална).  Кревети на спрат во спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица  (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

АПАРТМАН со 1 спална соба, за 4 лица, 28-35 м2: Апартман со 2 простории ( дневен престој + кабина-спална). Кревети на спрат во спална соба или 2 одвоени кревети. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

АПАРТМАН со 1 спална соба и кабина, за 6 лица, 28-35 м2: Апартман со 2 простории ( дневен боравак + спална и кабина).  Кревети на спрат во спална соба или 2 одвоени кревети.На влез кабина со 2 кревети на спрат. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда

АПАРТМАН со 2 спални соби, за 6 лица, 35-45 м2.: Апартман со 3 простории ( дневен престој +спална+ кабина). Двоен кревет (или 2 единечни) во спална соба. Кревети на спрат во кабина. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица (или 1 двоен кревет). Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда

АПАРТМАН со 2 спални соби, за 6 лица, 47-60 м2: Апартман со 3 простории ( дневен престој +2 спални соби).  Двоен кревет  во 1 спална соба. Кревети на спрат друга спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица. Опремена кујна со електрични решоа, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, бокал за кафе, место за јадењесо маса и столици, купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

Завршни напомени

Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман.

  • Депозит за резервација : 30%, остатокот се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
  • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
  • Депозитот може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
  •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува но не и да гарантира при ваквите случаи. Финалниот тип на студио/апартман и финалната цена ќе зависи од бројот на лицата и типот на студиото/апартманот. Странките однапред се согласни за тие услови, без право на откажување.
  • Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
  • Според новите законски одредби за плаќање во готово, максимален износ на еднократно плаќање од 1 лице изнесува 30.000 денари.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
  • Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ). Сите уплатени аранжмани до тој момент, остануваат по старата цена.
  • FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 20 евра по лице, без оглед на тип на сместување.
  • Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
  • Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет скиили борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.

 

 

Сподели!

44

Leave a comment

You are commenting as guest.