Designed by Сайт города Читы

ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ

Наша препорака !!! Велигден во Истанбул за само 99eur

 

 

1 ден 05.04.2018  ОХРИД-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата бензиска Лукоил во 13:00 ч. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.  

 

  

2 ден 06.04.2018  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

 

3 ден 07.04.2018   ИСТАНБУЛ 

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе и вечерате покрај БосфорПотоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

 

4 ден08.04.2018  СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

Султански Истанбул + крстарење по Босфор

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водичПотоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Охрид во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

 

 

5 ден 09.04.2018 ОХРИД

Пристигнување во Охрид во попладневните часови.

 

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.03.2018: 99 € 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  109 € 

 

 

Цената вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Охрид – Истанбул - Охрид
  • Сместување во хотел 3*  / 2 НП
  • Пратител на програмата 

Цената не вклучува:

  • Факултативни Излети:
  • панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра
  • Крстарење по Босфор – 15 евра
  • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра
  • Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра
  • Влезници за  музеите: 
  • Топ Капи – 15 евра
  • Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра
  • Харемот во Топ Капи – 10 евра
  • Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра
  • Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра
  • Патничко осигурување 160 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

 

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

 

*** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 

 

 

Сподели!

178

Leave a comment

You are commenting as guest.