Designed by Сайт города Читы

ВЕЛИГДЕН во Светата Земја ИЗРАЕЛ

Бидете за Велигден во Светата Земја Израел. Авионски аранжман, 8 дена / 7 ноќи - 919 еур по лице.

 

 

Реализирајте го сонот со посета на земјата ветена од Господа на Авраам и неговите следбеници, земјата кон која Мојсие ги поведе децата на Израил по егзодусот во Египет и секако земјата родна на нашиот спасител, Исус Христос која и ден денес е колевка и светилиште на трите најголеми религии.
Откријте ја лулката на Христијанството по Патеките на Евангелието, доживејте ги физички и духовно Библиските пејсажи на Галилеа, онаму каде се движеа Исус и неговите следбеници.

 

1.Ден: 06- ти Април: Скопје – Истанбул – Тел Авив

      
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 8:50 часот. Лет за Истанбул со PC712 во 10:55 часот и слетување во 13:25 часот. Полетување кон Тел Авив со PC785 во 20:50. На аеродромот Ben Gurion се слетува во 23:05 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање.

 

 

2.Ден: 07-ми Април:  Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град –  Еин Карем  

   
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство  во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен  панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја, а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место  на Св. Јован Крстител. Враќање  во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

 

3.Ден: 08-ми Април:  Стариот Град – Планината Зион –  Еврејски Кварт – Западниот Ѕид

              
По појадокот, заминување на целодневна  пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

4. Ден:  09-ти Април:  Масада – Мртво Море – Тибериас 


По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон Масада – искачување со жичарница на тврдината) – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод а потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода.   Попатна  пауза и можност за купување на козметика од Мртво море. Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

5.Ден: 10ти Април:  Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум -  Јарденит  

          
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море, Езеро  каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха,  место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек–риба во традиционален ресторан Кибуц. По паузата за ручек се упатуваме кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел за вечера.  Ноќевање.

 

 

6.Ден: 11-ти Април:  Гората Табор – Кана – Назарет     


 По појадокот заминуваме кон  планината  Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на преображдението. Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Од таму заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба. Се враќаме кон Назарет, во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија, Црквата Св. Габриел со Бунарот на Св. Марија. Заминување кон  хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

7.Ден: 12-ти Април:  Тел Авив     

  
Појадок. Со спакуван багаж се упатуваме на посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на  црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија Од таму разглед на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jafa. Заминување кон хотел. Вечера. Ноќевање.

 

 

8.Ден: 13-ти Април:  Тел Авив – Истанбул – Скопје    

  
Одјавување од хотел во раните утрински часови. Трансфер до аеродром за летот на PC786  во 05:10. Лет за Истанбул, а потоа заминуваме за Скопје со PC351 во 09:40. Пристигнување во Скопје во 10:15.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ИЗРАЕЛ
8 ДНЕВНА БОГАТА ПРОГРАМА СО ВКЛУЧЕНИ ПОСЕТИ И РАЗГЛЕДИ

7 НОЌЕВАЊА / 6 ПОЛУ ПАНСИОНИ + 1 НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА

919 € / 56.978 МКД

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 28  Февруари.2018

849 € / 52.632МКД

Доплата за 1/1 (еднокреветна соба)

239 € / 14.818 мкд

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1

 

 

Во цената е вклучено :

  • Повратен авио билет Скопје – Тел Авив – Скопје
  • Сместување во Хотели со 3* Сите трансфери према програмата
  • Сите посети со вклучени влезници, према програмата
  • Стручен локален водич на српски јазик
  • Техничко водство / Пратител на групата

Во цената не е вклучено :

  • Аеродромски такси 136€ / 8.432 мкд
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 45 € / 2.790 мкд (се плаќа при пристигнување во Израел)

Забелешки:

Во случај на помал број од 20 пријавени патници, но најмалку 15, цената ќе се зголеми за 80 евра по патник

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

 

Сподели!

210

Leave a comment

You are commenting as guest.