ВЕНЕЦИЈА 20.10.2023 - 23.10.2023
Состанок на групата во 16:30 ч. во Скопје. Тргнување кон Италија во 17:00 ч. преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Ноќно возење.
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар PALMANOVA …После шопинг паузата се упатуваме кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Попладне можност за индивидуални прошетки низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
Појадок во хотел. После појадокот се упатуваме кон Верона и Падова (факултативно). Пристигнување во Верона каде што следи разглед на градот со локален водич... плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Во договорено време се упатуваме кон прекрасната Падова. Падова е град на уметноста, богат со култура. Од Џото до Донатело, Петрарка до Галилео, Падова била домаќин на најголемите уметници и научници, што ја прави храм на знаењето и убавината. Нејзината античка историја дише низ архитектонските чуда од средниот век, овде се наоѓа вториот најстар универзитет (по оној во Болоња), аристократски вили, аркадни улици и плоштади какви што има само во италјанските градови...во доцните попладневни часови се враќаме назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
Појадок во хотел. Напуштање на собите. Заминување кон пристаништето Пунта Сабионе каде што со брод ќе се упатиме кон Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде...Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во утринските часови, наредниот ден.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА - 149 ЕВРА по лице
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација;
- Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло - 2 ноќевања со појадок;
- Посета на Трст и Палманова
- Организација на аранжманот;
- Придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Венеција (со локален водич) + превоз со брод на релација Пунта Сабионе - Венеција - Пунта Сабиони - 25 €;
- Посета на Верона (со локален водич) и Падова - 35 € - минимум 30 пријавени патници;
- Туристичка такса која се плаќа во хотел (2 € по лице од ноќ, се плаќа во агенција);
- Влезници за музеите и културно - историските споменици.
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,;
- Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.