ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ 20.10.2023 - 23.10.2023
-
ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ1ден 20.10.2023 (петок) Битола - ТрстСостанок на групата на Спортска Сала во 08:45 часот. Поаѓање за Верона во 09:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.2 ден 21.10.2023 (сабота) Трст-Палманова-Лидо Ди ЈесолоПристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike Factory Store, Puma, Tommy Hilfiger, United Colors of Benetton и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг околу 2 часа. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.3 ден 22.10.2023 (недела) Верона-МиланоТретиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо - катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.4 ден 23.10.2023 (понеделник) Венеција-БитолаПо појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција (факултативна посета 30 евра). Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде. Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Битола во претпладневните часови на 24.10.2023 (вторник).
ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА
(СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 65 ЕВРА ПО ЛИЦЕ)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 175 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
- Автобуски превоз на наведената релација
- Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
- Организација на аранжманотlи туристички придружник во текот на целото патување.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
- Факултативна посета наlВерона и Милано со водич (40 €)
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
- Патничко осигурување (4l€)
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 65 евра по лице (со резервација во агенција)
НАПОМЕНА:
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
132