Designed by Сайт города Читы

Промо ! Викенд во Истанбул - Декември

Викенд во Истанбул - Декември ... Истанбул, еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности... 

1 ДЕН (04.12.2020 – петок) БИТОЛА : Состанок на групата на Градската автобуска станица во 14.00 часот. Поаѓање за Турција во 14.30 часот...патот води преку Прилеп, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Р.Бугарија...денско и ноќно патување, со кратки попатни паузи.

2 ДЕН (05.12.2020 – сабота) ИСТАНБУЛ : Пристигање во утринските часови. Краток одмор – авантурата започнува со пешачката тура (со локален водич)...месноста Бајазит и Капели чаршијата, се спуштаме кон месноста Султанахмет, прошетка низ Хиподромот – место кое во Византиско време бил центар на општествено-политичкиот живот на Константинопол...Сината Џамија – најпозната и најголема џамија во Истанбул, прва изградена со 6 минариња и во чест на султанот Ахмет I. Нејзиното име доаѓа од прекрасниот мозаик на сини и зелени порцелански плочки, со кои е украсена нејзината внатрешност. Аја Софија – симболот на Христијанството, ремек-делото на Византиската архитектура, црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост...на крајот, оваа прошетка завршува со посета на Топ Капи палатата, живеалиштето на Султаните, објект кој се простира на преку 700.000 м2...тие патници кои што ќе влезат во внатрешноста на ова величенствено здание, ќе бидат воодушевени од ризницата на султаните, нивниот харем, прекрасно уредени градини, како и од самата резиденција на султанот. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – можност за факултативна посета на најкосмополитската улица Истикбал и плоштад во Истанбул – ТАКСИМ...враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (06.12.2020 – недела) ИСТАНБУЛ : Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или Ви нудиме неповторливо доживување – панорамски разглед на овој мегалополис...Европскиот и Азискиот Истанбул со стручен водич : Аксарај, булеварот Аднан Мендерс, Валенсовиот Аквадукт, мостот Кемал Ататурк, Златниот рог, мостот Галата...следува незаборавното 90-минутно крстарење со брод по Босфор, каде од една поинаква перспектива ќе го доживеете Истанбул...уникатна можност да уживате во спојот на минатото и сегашноста, во погледот кон Долмахче Палатата, безбројни модерни раскошни хотели и приватни куќи, каде се снимани повеќето сцени од најпознатите Турски серии и филмови...Се на СЕ – едно прекрасно доживување без кое посетата на Истанбул е некомплетна. Преку еден од мостовите кои „висат“ над теснецот преминуваме во Азија, се до месноста Ускудар и Моминската или уште позната и како Кулата од Леандрос – изградена на едно мало островче кое е во склопот на Ускудар...слободно време за освежување со кафе, чај во ресторанот кој се наоѓа во самата кула, сето тоа со прекрасен поглед на Босфор и на некогашната Византиска и Османлиска престолнина...во попладневните часови – следува посета на EMАAR SQUARE MALL...овој е еден од најновите Трговски Центри во Истанбул, кој дневно го посетуваат околу 60.000 посетители, претставува едно инзвонредно искуство за сите вљубеници на шопингот и гастрономијата...овде ќе најдете трговски брендови кои не се сретнуваат секаде, а исто така во склопот на овој трговски центар има мноштво на ресторани и fast-food, каде ќе можете да се релаксирате и освежите, а можете да го посетите и Аквариумот кој е во склопот на трговскиот центар...Повеќе од 20.000 водни суштества од различни точки на светот се наоѓаат во трговскиот центар EMАAR SQUARE. Аквариумот и подводната зоолошка градина EMАAR им нудат на посетителите уникатни искуства и незаборавни спомени додека ги откриваат чудата на морето...мноштво морски суштества и водоземци, вклучувајќи ги најголемите на светот, блескави убавини, чудни и отровни видови од големите џунгли до длабочините на океаните, ги пречекуваат посетителите во една восхитувачка атмосфера...продолжуваме за WATERGARDEN…овде ќе искусите сосема нов вкус на живот. Целиот трговски центар е структуриран околу величествениот шоу-базен. Ексклузивна кореографија на заслепувачко шоу од вода, светло, ласери, музика и оган, ресторани и кафулиња, продавници за облека, јувелирници, носталгична улица полна со улични вкусови, кино, театар и концертни простори, паркови за игри и авантури со природна глетка...СЕ ова и многу повеќе  се наоѓа во срцето на Аташехир, во WATERGARDEN Истанбул. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (07.12.2020 – понеделник) ИСТАНБУЛ : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Следува посета на „Турскиот Версај“ - Долмабахче Палатата преставува првата историска палата во Османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Продолжуваме кон Т.Ц. OUTLET 212 - можност за шопинг во еден од најголемите трговски центри во Истанбул. Планирано поаѓање за Македонија околу 17.00 часот по локално време. Пристигнување во Битола во утринските часови – наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :   5.520,00 ден. (89 €) – за УПЛАТИ до 07.11.2020 !!!

                                                 6.140,00 ден. (99 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во хотел со 3*, разглед на Историскиот дел на Истанбул (пешачка тура – 2.ДЕН) со локален водич, посета на ТЦ „OUTLET 212“, пратител на група, организација и реализација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

2.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : ТОП КАПИ Палатата (влезница+локален водич - минимум 30 патници)+ноќна посета на ТАКСИМ и ИСТИКБАЛ – 25 € по лице

3.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : Панорамскиот разглед на Европскиот и Азискиот Истанбул+Крстарење со брод по Босфор; посета на Моминската кула/Ускудар+посета на EMAAR SQUARE MALL+посета на WATERGARDEN – 40 € по лице (автобус+локален водич-минимум 30 патници);

4.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : ДОЛМАБАХЧЕ Палатата - 25 € по лице (автобус+влезница+локален водич);

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВАТА :

-          ТОП КАПИ ПАЛАТАТА

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

-          ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

-          КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР

Претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

ВАЖНА НАПОМЕНА : Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

За ова патување не е потребно PCR тест.

Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

ВАЖНО : Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Бугарија) или Турција.

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши.

За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција.

Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.Aгенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.

Краен рок за пријавување : 01.12.2020

Сподели!

26

Leave a comment

You are commenting as guest.