Designed by Сайт города Читы

Хотел "Holiday Inn" 5* - Скопје

Локација: Хотел "Holiday Inn" се наоѓа во центарот на градот Скопје, веднаш до најзначајните владини, деловни и административни канцеларии, трговски центри и главни туристички атракции, со што овој хотел е погоден за бизнис и за туристите.

Капацитет: Хотелот располага со 178 комплетно опремени и комфорни соби и апартмани: (101 еднокреветни соби, 50 двокреветни соби, 11 ексклузивни соби, 14 апартмани, 1 претседателски апартман, 1 соба за хендикепирани лица).

Сите соби се опремени со бесплатен Wi-Fi интернет, сателитска ТВ, мини бар, сеф, клима, директни телефонски линии и фен за коса.

Услуги: Ресторан, Бар, Бизнис Центар, 8 Конференциски сали, Казино, Продавница за сувенири / подароци, Размена на валута, Спа Центар, Фитнес центар, Сауна, Масажа, Базен, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, Климатизација.

Сподели!

439

Leave a comment

You are commenting as guest.