Designed by Сайт города Читы

Америчка виза

При подготовката за интервјуто во конзуларното одделение, апликантите мора да ги соберат соодветните документи што се однесуваат на целта на патувањето. Подолу следи список на предложени документи за сите категории на визи.

Внимавајте: Може да се потребни дополнителни документи. Ве молиме да ги прочитате упатствата за тоа како да аплицирате за виза на веб-страницата на амбасадата или конзулатот каде што ќе го поднесете барањето. За да се утврди дали ги исполнувате условите може да ви бидат побарани дополнителни документи.

  1. Кај апликациите за виза за кои е неопходно лично присуство на интервју во конзуларното одделение апликантите мора да ги донесат со себе на интервјуто сите барани документи.
  2. Кај апликациите за виза за кои не е неопходно лично присуство на интервју во конзуларното одделение апликантите мора да ги вклучат сите барани документи во пакетот за аплицирање што го поднесува апликантот за конзуларното одделение да ги прегледа.

Задолжителни документи – За сите типови на виза

Следните документи се бараат за сите типови на виза:

  1. Тековен важечки пасош за патување во Соединетите Американски Држави. Пасошот треба да важи најмалку уште 6 месеци по планираниот период на престој на апликантот во Соединетите Американски Држави 
  2. Пасош во кој се наоѓа последната издадена американска виза (доколку имате).
  3. Сите претходни истечени пасоши (доколку поседувате).
  4. Апликацијата за неиселеничка виза, страницата за потврда за образец ДС-160 (се пополнува во агенција)
  5. Страна со Потврда и Инструкции за состанокот отпечатена од оваа Интернет страна.
  6. Една фотографија во боја со димензии 5 x 5 см (или 2" x 2") направена во последните 6 месеци. 
  7. Придружните членови на семејството, освен кога патуваат со друга цел, треба да приложат венчаница (брачен другар) и/или извод од родените (за деца до 21 година што не се во брак), зависно од ситуацијата.
  8. закажување на термин се прави во агенцијата
  9. цена на визата, информација во агенцијата:
    ОДИСЕА ХОЛИДЕЈС Д.О.О. ОХРИД
    ул. "Димитар Влахов" бр.15 локал 1
    T: +389(0) 46 520 400 M: +389(0) 78 968 419

Сподели!

50

Leave a comment

You are commenting as guest.