Designed by Сайт города Читы

Work&Travel

5.0/5 rating (1 votes)
Description

ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА “ОДИСЕА ТРАВЕЛ“ - ОХРИД
ЗА ПРВПАТ ВИ ОВОЗМОЖУВА ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА WORK&TRAVEL – USA ПРОГРАМАТА,ВО ОХРИД, БЛИСКУ ВАС

 

ЗА ПРОГРАМАТА

Програмата Work & Travel USAе програма за меѓународна културна размена Exchange Visitor Program. Ова е најпопуларна програма за студентска размена. Целта на Work & Travel програмата е на странските студенти да им се овозможи во текот на летниот распуст, да престојуваат и работат во САД и на тој начин да го усовршат англискиот јазик, подобро да ги запознаат САД и да стекнат нови пријателства. За да обезбедат средства за престој во САД, учесниците на програмата, имаат можност да работат студентски работи од областа на туризмот, угостителство, трговија и други услужни дејности.

СИГУРНОСТ- Соработуваме исклучиво со проверени организации , кои се во обврска при реализација на програмите, да почитуваат пропишани стандарди и прописи.

ДОВЕРБА- Голем број на студенти кои ги користат Work & Travel програмите, би отишле на истата или на некоја друга програма на културна размена. Ние, од наша страна, се трудиме да патувањето им остане во што поубав спомен, и при тоа да доживеат нови искуства и продлабочат познанства.

НАШИ ПАРТНЕРИ
Спонзор организациите од САД - кои се организатори на W&T USA. Тие поседуваат лиценца од американската влада за организирање програма за културна размена.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА
Право на учество на програмата имаат само редовни СТУДЕНТИ, со уредно заверен семестар, кои редовно полагаат испити и ги исполнуваат следните услови:
1. имаат најмалку 18, а најмногу 28 години
2. зборуваат англиски јазик во мера потребна за комуникација
3. да се толерантни, флексибилни, одговорни, прилагодливи, совесни, вредни....

Напомена: од Конзулатот на САД добиваме годишни информации за критериумите за добивање Ј-1 виза со кои вршиме прелиминарна селекција на кандидатите за учество на Work and Travel програмата.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА

ИНТЕРВЈУ И ОРИЕНТАЦИОНА ПРОГРАМА

За сите студенти пријавени на програмата задолжително е интервју на англиски јазик. Во текот

на интервјуто се утврдува нивото на знаење на англиски јазик и исполнување на условите за

учество на Work and travel програмата.

Онлајн ориентационата програма е задолжителна и следи после добивањето на работна понуда, а

пред издавањето на документот ДС-2019.

ЗАРАБОТУВАЧКА

Според прописите на САД, загарантираната најниска заработувачка е 7.25 УСД/ 1 час работа.

Саатнината може да биде и пониска од загарантираниот минимум доколку работното место

подразбира задолжително добивање бакшиш (типс).

Студентите работат во просек 30-40 часа неделно. Дозволено е прекувремена работа кај истиот

работодавец, доколку има потреба за тоа. Исто така, студентите имаат можност и право, со Ј-1

визата и ДС-2019, покрај работата која ја добиле од Спонзорот да пронајдат и друга работа која

мора да биде одобрена од од страна на Спонзор организацијата, но мораат да запомнат дека

работата која ја добиле преку Спонзорот е на прво место и најважна. Повеќето студенти ја

користат оваа можност, и на тој начин остваруваат поголема заработувачка. Прекувремена

работа како и можноста за добивање на втора работа не се гарантира со програмата.

ВИЗА

Учесниците на њ&Т програмата добиваат Ј-1 виза (Еxчанге Виситорс Виса). Оваа виза овозможува

работа во угостителство и туризам, во траење од најмногу 4 месеци и 1 месец туристички престој

во САД (позавршување на работниот дел на програмата) доколку Конзулатот на САД не услови

друго. Барањето го поднесува самиот студент и задолжително мора да се појави лично на

интервју. Во агенција ќе ги добиете сите потребни документи кои се однесуваат на програмата и

целта на престојот во САД. Списокот на документи кои треба да се обезбедат ќе го добиете од

Odisea Travel по пат на е-маил.

ДС-2019

Документот ДС-2019 е документ кој го издава Спонзор организацијата од САД, врз основа на кој

учесникот на програмата добива Ј-1 виза. При влегувањето во САД, документот ДС-2019, мора

да стои во пасошот, и во таа прилика да биде заверен.

Учесниците на програмата можат да работат во САД исклучиво во период кога ДС-2019 е

валиден. Спонзор организацијата го одредува датумот на почеток на важење на ДС-2019 врз

основа на датумот запишан на пријавата и регулативата на УС Департмент оф Стате.

СЕВИС (Студент анд Еxчанге Виситор Информатион Сyстем)

Документот СЕВИС (И-901) мора да се приложи со останатата документација при предавањето

на молбата за добивање виза и молбата нема да биде разгледана без овој документ.

Цената за обработка на податоците СЕВИС (И-901) изнесува 35УСД и се наплатува според

инструкциите добиени во агенција.

СЕВИС е американски систем за евиденција и следење на учесниците на Еxчанге Виситор Програм,

за време на престојот во САД.

Секој учесник на програмата е должен

-Во рок од 5 дена по влегувањето во САД да се регистрира на СЕВИС.

-На секои 30 дена да ги ажурира своите податоци во СЕВИС системот

(според инструкциите добиени од Спонзир организацијата)

- повторно да се логира на СЕВИС системот и ги запише новите податоци во случај на промена

на работно место или сместување.

Санкциите за непочитување на СЕВИС процедурта се: укинување на визата и порано враќање во

земјата.

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Сите учесници на њорк & Травел програмата мораат да бидат здравствено осигурани за време на

престојот во САД, т.е за време на валидноста на документот ДС-2019. Здравственото

осигурување го обезбедува Спонзор организацијата од САД. Станува збор за посебно

здравствено осигурување за учесниците на њорк анд Травел програмата во согласност со

регулативата на Стејт Департмент.

За време на туристичкиот престој кој трае 30 дена по истекот на работниот дел на програмата,

студентите немаат обврска да бидат здравствено осигуирани, но сепак со оглед на висината на

трошоците за лекување во САД, доколку студентот останува во САД во тој период, се

препорачува да се осигура. Ги советуваме сите учесници на програмата пред патувањето да си

направат лекарски и стоматолошки преглед.

Здравствената состојба на кандидатите не се проверува, но се подразбира кандидатите да се

здрави и работно способни.

Сите болести појавени пред патувањето, како и хронични болести НЕ се покриваат со

здравственото осигурување.

 

За подетални информации, контактирајте не, на еден од нашите броеви:

046 520-400 и 078 968-419

или посетете ја нашата агенција

ул. Димитар Влахов бр.15 локал 1 Охрид

Сподели!

101

Принтај!

Print

Leave a comment

You are commenting as guest.