Designed by Сайт города Читы

Хотел “Winslow Infinity“ 3*

www.winslow-hotels.com

Хотел “Winslow Infinity“ 3* е луксузен апарт хотел кој нуди целосно опремени апартмани со убав поглед кон планината или кон убавата градина на комплексот. Гостите можат да уживаат во користењето на големиот спа центар кој има базен, сауна, парн абања, џакузи, фитнес центар и студио за масажа. Ресторанот во хотелот нуди интернационални јадења. За најмалите, хотелот има прекрасана игротека. Хотелот нуди гардеробер за ски опремата и бесплатен трансфер до ски лифтовите.
Сите апартмани во хотелите Винслоу се комплетно опремени и располагаат со модерна кујна, опремена со кујнски прибор и садови, фрижидер, трепезарија. апартманите имаат сопствена тераса, а некои од апартманите имаат и камин. Хотелскоте апартмани во Вунслоу располагаат со кабловска телевизија, бесплатен интернет во јавните простории ( лобби барот и рецепцијата)
Апартманите со една спална имаат површина од 52-65 м2. Се состои од една спална, дел со мини кујна и трепезарија, бања со када или туш кабина, тераса. Секој апартман е опремен за две лица, но има можност за сместување на трето лице на кауч на развлекување.
Апартманите со две спални имаат површина од 80-100 м2. Се состојан од две спални, дел со мини кујна и трепезарија, бања со када или туш кабина (некои од апартманите се со две бањи), тераса. Секој апартман е опремен за четири лица, но има можност за сместување на петто лице на кауч на развлекување.
Апартманите со три спални се состојат од три спални, дел со мини кујна и трепезарија, две бањи со када или туш кабина, тераса. Секој апартман е опремен за шест лица.
Студиото е со површина од 46-52 м2 и се состои од голема дневна соба со кујнски дел и трепезарија, како и спална која е одделена од дневниот престој со врата на лизгање, бања со када или туш кабина, тераса. Секое студио е опремено за две лица.

 

Сподели!

44

Leave a comment

You are commenting as guest.