Designed by Сайт города Читы

ХОТЕЛ КОРАБ ТРНИЦА*** МАВРОВО

КОРАБ ТРНИЦА – МАВРОВО

 

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во  апартмани, соби  и бунгалови  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци. Посебен акцент ставаме на нашиот ресторан Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава.

 

Тип на сместување

Недела до Четврток

Петок и Сабота

Капацитет

број на лица

Двокреветна соба

1.800 мкд

2.100 мкд

2

Апартман

2.200 мкд

2.800 мкд

4

Вип апартман

2.800 мкд

3.500 мкд

4

Трокреветна соба

2.100 мкд

2.500 мкд

3

Голем апартман

3.500 мкд

4.200 мкд

8

Планинска куќичка

1.400 мкд

1.900 мкд

2

Цените се изразени во денари, за наем на соба на ден

  • Појадок чини 200 денари по лице
  • Ручек/ вечера чини 450 ден по лице.
  • И истите се плаќаат на лице место
  • За деца до 8 години сите оброци се бесплатни.
  • За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст.

Сподели!

25

Leave a comment

You are commenting as guest.